Градинка

Децата во Холандија се посреќни од нивните врсници во Европа – а еве и зошто

Што е важно за среќно и безгрижно детство?

Веднаш зад 4 скандинавски земји, на листата за среќа од 2019 година се наоѓа Холандија. Холанѓаните се смирени и се насочуваат кон тоа да развијат автономија, наместо послушност. Всушност, децата се слободни, среќни се, истражуваат и откриваат што навистина им се допаѓа, а притоа ги развиваат и своите вештини.

Во оваа земја често се вели браво, благодарам, добро сработено. Важно е да се спомене дека децата имаат доволно слобода – а тоа е доста важно. Постојат податоци кои покажуваат дека трендот на консумирање алкохол и дрога со годините опаднал кај децата помеѓу 12 и 16 години. Уште една важна работа е што врсничкото насилство не е изразено. Во Холандија не можат да се видат млади луѓе како се малтретираат меѓусебно. Ако некој се обиде некого да го малтретира, тој што е на другата страна го игнорира.

Децата дома имаат голема поддршка, а истото е и со нивните пријатели на училиште. Карактеристично за тамошните родители е тоа што тие даваат поддршка, а што се однесува до контролирањето, се наоѓаат негде на средина. Наставниците ја имаат довербата на учениците, не се авторитативни туку ги земаат предвид и ги прифаќаат чувствата на учениците.

Интересен податок е дека и сексуалната едукација во оваа земја почнува од 4-та година, а стапката на тинејџерска бременост е најниска во Европа. Учениците се охрабрени отворено да зборуваат на оваа тема.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close