Uncategorized

Марија Груевска шoкиpaше со стајлингот, но и со она што го кажа на жирито по настапот!

Македонката повторно направи спектакл во „Ѕвездите на Гранд“

Натпреварувачката од Македонија со својот последен настап повторно ги воодушеви сите во студиото.

Таа најпрво ја испеа песната „Верувај во нас“, додека на прстите од двете раце имаше свеќи кои гореа целото време.

Но потоа кога запеа песна од „Рибља чорба“ облечена како Статуата на слободата, во студиото настана вистинско лудило.

Имено, таа на сцената се појави облечена како Статуата на слободата, облечена во долг сребрен фустан и со боцки на главата.

Груевска ги доби сите шест гласа и помина во финалето од овој престижен музички фестивал.

Но покрај својот настап, таа со уште една работа ги изненади како членовите на жирито, така и публиката.

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

На прашањето како ги осмислува своите перформанси, пејачката изјави дека тоа го прави во договор со татко и кој е свештеник.

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Нејзиниот татко пред неколку дена во интервју за екипата на Гранд онлајн, кои го посетија хотелот во кој се сместени, изјави:

„Таа беше моја ќерка до 18 години, а сега е моја другарка, партнерка во се. Повеќе го немаме оној супериорен однос татко-ќерка, сега можам да го пратам нејзиното темпо. Ѕвездите на Гранд не зближија, секаде одиме заедно, целото семејство доаѓа на нејзините настапи“, изјави нејзиниот татко.

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Нови правила

Инаку, покрај Марија во грандиозното финале ќе го гледаме и Мите Стоилков од Струмица кој исто така помина.

Покрај Мите и Марија, останатите што поминаа директно се Валентина Кузмановиќ, Мухарем Хадровиќ, Белма Хусеинефентиќ, Селим Селимовиќ, Александат и Димитрије Казиќ, Кристиња Тодоровиќ и Мартин Ајдаревиќ.

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Во текот на неизвесниот бараж, Саша Поповиќ одлучи да ги промени правилата и во финалето пушти двајца кандидати повеќе.

Од баражот свое место во финалето што ќе се одржи во сабота, на 26 јуни, обезбедија и Исак Шабановиќ, Садик Хасановиќ, Зорја Пајиќ, Ивана Богичевиќ, Махир Мулалиќ, Немања Петровиќ и Бојан Павловиќ.

Погледнете го настапот на Марија на крајот од текстот.

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close