Новости

Добил Ајфон за поправка а во него пари и порака: Нема да верувате што пишувало!

Добил порака која го изненадила

Ова видео кое беше објавено на Тик Ток достигна над два милиони прегледи и стана вирален хит поради една невообичаена порака.

 

 

Имено еден техничар на својот канал на Тик Ток објавил видео во кое прашува што да прави.

Тој напоменува дека кај него дошол некој човек и го оставил својот iPhone за поправка.

Техничарот вели дека навидум се било како што треба но кога го отворил телефонот се изненадил.

 

 

Во внатрешноста на мобилниот нашол порака во која било напишано следново:

– Ве молам, кажете и на жена ми дека мојот iPhone не може да се поправи. Таа сака да ја провери историјата на повици, 100 долари ќе ви дадам само направете ми услуга. Ви благодарам – стои напишано на парче хартија со сто долари.

Техничарот раскажал и како се одвивале настаните.

 

 

– Денес кај мене дојдоа маж и жена и ми го дадоа овој  Ајфон за поправка. Им реков да дојдат за еден час и дека би требало да завршам. Почнав да го отворам телефонот, но  ја најдов оваа порака во која пишуваше да не го поправам телефонот заедно со 100 долари – објасни тој и ги праша корисниците на TikTok што да прави.

Мислењата на корисниците беа поделени: Жените коментираа дека парите треба да и ги врати на сопругата и да и раскаже се, а мажите велат дека најдобро е да ги земе парите и да си молчи, односно да каже пред жената дека мобилниот не се поправа.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close