Кафе муабет

“Бали Бег” се огласи по катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Турција- оваа турска актерка бара помош за своите најблиски…

Сочувствува целиот свет...

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала вчера рано утрото ја погоди јужна Турција и беше почувствуван во поголемиот дел од земјата, како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија.

Во тек е голема спасувачка операција. Последните податоци покажуваат дека во земјотресот се урнале 2.818 згради, а бројот на загинати се искачи на над 1.290.

Македонска екипа од лиценцирани пожарникари за елементарни непогоди од општина Тетово и Територијалната противпожарна единица во знак на солидарност и поддршка со турскиот народ во овие тешки денови и кои имаат потреба од пронаоѓање и спасување на луѓето кои останаа под урнатините како последица од вчерашниот земјотрес замина кон Турција.

фото макфакс

„Во знак на солидарност и поддршка, група од 9 лиценцирани пожарникари за елементарни непогоди од Територијалната противпожарна единица Тетово, со противпожарна и опрема за пребарување и спасување заминаа за југоисточниот дел на Турција за да му помогнат на турскиот народ“, велат од општина Тетово за Макфакс.

За разорниот земјотрес проговорија бројни турски ѕвезди. Актерката Седа Бакан се огласи на Инстаграм:

– Се разбудивме со многу лоши вести. На сите им посакувам брзо закрепнување.

Турската актерка Мелиса Памук преку Твитер побара помош за баба и тетка:

– Мојата баба не може да оди, болна е. Баба ми и тетка ми се заробени во зградата. Не знаеме во каква состојба е станот, има ли некој во околината што може да помогне? 75. Булевар Јил бр. 10 Cem стан 4 кат, Антакија, напиша таа на Твитер.

Актерката Туба Бујукустун, позната на публиката по улогата во серијата Ќерката на амбасадорот, бара помош од луѓе од други земји:

Фото: Инстаграм/ Туба Бујукустун

– Турција прогласи состојба на готовност четврт степен. „Ниво 4“ вклучува повик за меѓународна помош. За оние ширум светот кои ја читаат оваа порака. Нашиот народ кој се најде под урнатините поради земјотресот во мојата земја бара ваша помош за да се спасат.

ФОТО: Туба Бујукустун / Инстаграм

Актерот Бурак Озџивит, познат како Бали-бег, и посака на својата земја брзо закрепнување:

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

– Го молиме Господ за милост за нашето население кое ги загуби животите во оваа катастрофа. Сочувство до нивните семејства и најблиски, а на повредените им посакувам брзо закрепнување“, рече тој.

фото инстаграм/Бурак Озџивит

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close