Кафе муабет

Погледнете со каков ѕвер се поднови Сања Кужет: Водителката на „Ѕвездите на Гранд“ искешира 35.000 евра за овој автомобил

Го сака само најдоброто...

Сања Кужет важи за една од омилените водителки во регионот. Имено  таа веќе долги години е заштитен знак на најгледаното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

фото инстаграм/Сања Кужет

Сања Кужет неодамна купи бел џип „Пежо 2008“ стар една година. За истиот искеширала значителна сума на пари, а пријателите велат дека со тие пари можела да купи стан.

фото инстаграм/Сања Кужет

Сања Кужет се почасти со автомобил од 35.000 евра кој со денови го привлекува вниманието на минувачите, а водителката тешко наоѓа место за паркирање овој ѕвер.

Фото Инстаграм/ Сања Кужет

Како што открил извор близок до неа за Информер, и бил понуден поевтин автомобил, но таа сакала највисок квалитет:

фото инстаграм/Сања Кужет

– Сања сака да вози добри и нови автомобили, затоа оваа „2008“ го платила 35.000 евра. И кажавме дека може да земе поефтино, но таа не сакаше. Кога барала возило за себе, рекла дека најважна и е удобноста, но и да изгледа добро. Многу сакала бела боја, па го чекала возилото неколку месеци, па дури неодамна стана нејзина сопственост. Минатиот месец таа отпатува на Копаоник со него и ми кажа дека одлично поминала на снегот – истакна еден од најдобрите пријатели на познатата водителка, а папарацото на Информер ја фати згодната Сања на Врачар додека ги вршеше обврските со нејзиниот нов автомобил.

фото информер.рс

Таа го искористи убавото време за да го покаже своето витко тело, облечена во син, тесен фустан и ја врза косата во опавче.

фото информер.рс

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close