Дом и семејство

Прва фотографија од синот: Актерот Андрија Милошевиќ ужива во прошетка со наследникот- Реља е копија на мама

Улогата на татко го промени...

Актерот Андрија Милошевиќ и неговата сопруга Александра Томиќ минатата година го добија синот  Реља кој неодамна наполни една година, а родителите успеаја да го заштитат од „љубопитните очи“ на јавноста.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

Меѓутоа, бидејќи ниту како пар не се експонираат често во медиумите, Андрија и Александра се многу интересни за јавноста, која нетрпеливо чека да го запознае малиот Реља.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

Па на задоволство на фановите на актерскиот пар Андрија Милошевиќ и Александра Томиќ синчето беше за прв пат фотографирано во друштво на својот татко кој е исклучително посветен и грижлив.

Екипата на „Папарацо лов“ го снимила Андрија како ужива во друштво на наследникот, кого не го испуштал од раце.

фото принтскрин Папарацо Лов

Момчето кое се роди на 25 февруари 2022 година, порасна и очигледно е копија на неговата мајка. Плавата коса е заштитен знак на актерката, па можеме да заклучиме дека Реља од неа ја наследил русата коса.

фото принтскрин Папарацо Лов

А дека посакува да наследи нешто од него, татко му не криел, па во интервју за „Глорија“ предвиде дека неговиот син еден ден ќе тргне по неговите стапки, но и по стапките на неговата мајка:

фото инстаграм/Андрија Милошевиќ

– За мене нема разлика помеѓу тоа што го работам и мојот приватен живот. Сето тоа е испреплетено во нашето семејство, приватниот живот, актерството, театарот, филмот. Мојата Сандра е исто така актерка. И нашиот син Реља веројатно ќе биде актер, а можеби и режисер, никогаш не се знае. И нема да имам ништо против тоа, ви ветувам сега, истакна актерот.

фото инстаграм/Андрија Милошевиќ

Инаку Милошевиќ е 10 години постар од неговата избраничка, а се запознале во театар. Александра тогаш не била претерано заинтересирана за него и тоа не го крие од јавноста.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

– Не мислев ништо спектакуларно за него. Се запознавме кога дојдов да ја одиграм детската театарска претстава „Малата сирена“ во театарот „Бошко Буха“. Штотуку ја завршив академијата, а тој беше многу љубезен и фин. Подоцна, кога почнавме да излегуваме, го убедив да се облекува подобро. Откако сме во врска, тој станува се подобар и подобар во облекувањето, што е голем комплимент за мене. Нема повеќе светки, циркони и шарени змејови. Тоа е укинато, изјави еднаш Александра за српските медиуми.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

Александра и Андрија понекогаш, со оглед на работата што ја работат, немаат доволно време да се посветат еден на друг, но се трудат никогаш да не се запоставуваат. Милошевиќ еднаш истакна дека тајната на успешната врска е компромисот.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

– Како и сите луѓе, мораме да правиме компромиси. Водиме многу брз живот и немаме време многу да се расправаме, но како и сите парови се прилагодуваме на дадени ситуации кои животот ни ги наметнува. Се случува два дена да не се видиме, но затоа се обидуваме да поминеме неколку часа заедно другите пет. Не си ги отежнуваме работите еден на друг, го живееме животот како што сакаме. Ни недостасува заедничкото време, но на крајот сè се вклопува. Имаме време да одвоиме за пријателите и за нас двајца – призна тој.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

Актерската двојка се уште не е официјално во брак, но како што велат, не е потребна хартија, покрај љубовта што ја чувствуваат.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

Андрија не крие дека улогата на татко донесе нова инспирација за понатамошно творење, креативност и усовршување во неговата работа.

ФОТО: Андрија Милошевиќ / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close