Кафе муабет

Слоба Васиќ ја запроси својата бремена девојка, па ги откри сите детали од романтичниот момент

Пејачот ја запроси поранешната мисица, таа му кажа „ДА“

Ја запроси својата бремена девојка и тоа во Истанбул

Фото: Инстаграм

„Сега, кога кажа ДА, посакувам само најубави работи за нас во животот, здрава да ни биде ќеркичката и уште деца“, напиша Васиќ.

Пејачот Слоба Васиќ ја запроси својата трудна девојка, мисицата од „Босна и Херцеговина“ за 2017 година, Лела Карагиќ.

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Овој незаборавен чин се случи на луксузна јахта во Турција, а среќните вести пејачот веднаш ги сподели на Инстаграм.

Тој и подготви големо изненадување на својата девојка Лела. Таа штом се качи на јахтата ја забележа романтичната глетка – балоните се насекаде, целиот простор е декориран во црвена боја, а во позадината оди песната „Ангелу мој“ од Жељко Самарџиќ. Пејачот девојката ја пречека на палубата, каде што клекна и ги изговори најважните зборови во животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Slobodan Vasić (@slobavasic_official)

Емотивната објава што пејачот ја објави на Инстаграм откако убавата Лела се согласи да му биде сопруга ги разнежи сите.

„Ова е круна на мојот живот пред сé, исполнување на мојот сон и секако круна на нашата љубов, која од ден на ден е се поголема“.

Кога Лела го кажа своето судбоносно „ДА“, се активираа прскалките, а потоа тие се прегрнаа и бакнаа.

„За секоја среќа што ми ја пружи, за секој радосен момент, за секој прекрасен ден, за секоја остварена желба, за нашето бебенце која уште малку и ќе ни се насмевне! За ова богатство на овој свет, за тебе!“

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

„Ти се заблагодарувам за секое свое чувство! Имаше и тешки денови. Имаше денови кога и самиот себеси не можам да се разберам! Кога никој не би ме поднесувал! Но ти сето тоа знаеше да го поднесеш и да ме прифатиш онаков каков што сум! Без скриени мани и без фолирање од првиот ден, па до денес! Ти го подарувам прстенот на љубовта, почитувањето и вечноста! Пресреќен сум што те имам. Што си моја и што си ми сé“, напиша Слоба и додаде:

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

„Посакувам многу меѓусебно почитување кое еден на друг мораме да го пружиме, вера и пожртвуваност во заедницата, што ја крои животот! Но исто така сакам да живееме баш онака како Ти и Ја, сакам и никој и ништо да не ни создава препрека! Јас ќе дадам се од себе никогаш да не те изневерам“, напиша Васиќ на својот профил на социјалните мрежи.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close