Кафе муабет

Северина се огласи по разводот: Откри детали кои никој не ги знаеше- му посвети порака на Игор!

Секоја разделба е тешка и ги молам медиумите да се воздржат од пишување глупости и непроверени озборувања...

По долго време шпекулирање вчера и официјално Северина и Игор Којиќ се разведоа, откако поднесоа барање за развод до загрепскиот суд и нивниот брак беше прекинат.

Фото Инстаграм/Игор Којиќ

Немаше компликации, и бидејќи мерките беа олеснети се помина многу брзо. Сега Северина се огласи по овој повод.

Фото Инстаграм/Северина
Фото Инстаграм/Северина
Фото Инстаграм/Северина

„Одлуката за развод ја донесовме заеднички и со заеднички договор, и нема да ја коментираме понатаму, исто како што не ја коментиравме нашата разделба. Мојата посветеност кон мојот син и борбата за старателство беа во целосен фокус во изминатите 20 месеци. Игор беше прекрасен партнер, поддршка и беше тука за мене во најтешкиот период од мојот живот и му ја посакувам сета среќа на светот. Знам дека сум јавна личност, но не сум јавна торба. Секоја разделба е тешка и ги молам медиумите да се воздржат од пишување глупости и непроверени озборувања. Не можете да ми го уништите животот, а сепак имате шанса да го средите својот “, изјави Северина за Jutarnji.hr.

Фото Инстаграм/Северина

Расколот помеѓу популарната пејачка и поранешниот фудбалер веќе долго време се шпекулира во медиумите, а првите информации за разводот се појавија пред една година. Отпрвин, тие ги негираа шпекулациите на медиумите за расправиите, но бидејќи тие не живеат заедно со месеци, стана очигледно дека на врската и дошол крај.

Фото Инстаграм/Северина
Фото Инстаграм/Северина
Фото Инстаграм/Северина
Фото Инстаграм/Северина

Бракот траеше шест години, беше бурен како и сите врски на Северина, а првата сериозна шпекулација за крајот на врската беше наводната расправија помеѓу пејачката и членовите на семејството Којиќ во Белград. Она што се случи зад четирите sида никогаш не беше целосно објаснето, но по наводната расправија помеѓу Северина и мајката на Игор Којиќ, пејачката престана да доаѓа во Белград.
Според медиумите, тие ја чекале пресудата во врска со старателството над малолетникот Александар, синот на Северина и Милан Поповиќ.

Фото Инстаграм/Северина
Фото Инстаграм/Северина

Имено, Северина и Игор, наводно, цело време се преправале дека се во брак за Северина да има на суд доказ дека е во хармоничен брак, а всушност бракот не функционирал долго време. Како што веќе пишуваа медиумите, Северина ја измами јавноста и судот, и штом дојде пресудата за старателство, таа и Игор официјално се разведоа 15 дена по таа пресуда, пишуваат медиумите.
Од самиот почеток, сите медиуми пишуваа дека бракот на Северина и Игор е фарса, и дека тие се заедно за лични интереси. Пред се со цел пејачката да добие целосно старателство над својот син, но не успеа во тоа.

foto https://www.vecernji.hr/
Фото Инстаграм/Северина

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close