MAMA

Пред да започне вториот бран: Ова е најважното нешто што треба да го направи секој од нас за да се заштити од коронавирусот

„Прави сè што можеш и продолжи да вежбаш“, потсети д-р Харис

Со доаѓањето на постудено време доаѓа опасност од уште еден бран на коронавирус

Лекарите од Велика Британија сега советуваат дека губењето на тежината пред есента и зимата може да биде превенција број еден на коронавирусот.

Д-р Џeјн Харис предупреди дека дебелината е докажано дека го зголемува ризикот од загуба на животот на пациенти заразени со коронавирус, така што губењето на тежината е број еден обврска на сите дебели луѓе. пренесува Дејли Меил.

„Прави сè што можеш и продолжи да вежбаш“, потсети д-р Харис.Луѓето кои обично се најсериозно болни се стрии и дебели луѓе.

– Дебелината е многу проблематична, но тоа е всушност една од работите на кои можеме да влијаеме – потсети лекарот и посочи дека дебелината го зголемува ризикот од прерано заминување од овој свет за 37 проценти. Претходните податоци сугерираат дека 75% од хоспитализираните пациенти со ковид-19 биле дебели.

Ова е добро време за промена на нашиот животен стил, особено кога станува збор за нашата исхрана.

Докторот Рон Вајс (58) е лекар за итни медицински случаи и интензивна нега, кој активно учествувал во третманот на пациенти со коронарен вирус во Њу Џерси. За целото тоа време видел илјадници пациенти кои биле инфицирани од вирусот и открива дека на секој од нив им дал ист совет.

Ова е вистинско време за промена на нашиот животен стил, особено кога станува збор за исхрана. Повеќето пациенти веќе имаат некоја хронична состојба, без разлика дали станува збор за дебелина или срцеви заболувања, дијабетес или астма. Она што најмногу ме загрижува е тоа што повеќето пациенти не се свесни за трагичен исход на болеста заради ризикот од нивните веќе постоечки заболувања. Уште повеќе сум загрижен што не се свесни за тоа како некои едноставни промени во нашиот животен стил можат значително да го намалат ризикот. Поконкретно, промената во исхраната може многу брзо да го промени текот на болеста и да направи состојбата значително да се подобри – рече д-р Вајс.

Тој препорачува диета базирана на растенија, но тоа не значи само да јадеме малку повеќе зеленчук.

„Клучот е да ги јадете во поголеми количини оние растенија кои можат да ви помогнат и да се минимизира потрошувачката на преработена и животинска храна. Постои храна што може да ја зајакне способноста на вашиот имунитет да ве одбрани од вирусот. Оние што ме послушаа, секојдневно ми се заблагодаруваат“ – објаснува американски експерт.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close