Новости

Ова е последната порака што ја остави мајката на пет деца за која коронавирусот беше фатален!

Таа претходно била сосема здрава...

За 40 годишната Карен Хобс која е мајка на пет деца коронавирусот беше фатален.

фото фејсбук

Имено таа доживеа срцeв удар и пooчина на 19 јануари додека беше во индуцирана кoма, само три недели откако беше позитивна на вирусот корона.

Поранешната стјуардеса од Англија се разболе пред Божиќ, а на 27 декември беше примена во болница. И покрај фактот дека претходно била здрава, нејзината здравствена состојба одеднаш се влошила, а лекарите решиле да ја стават во индуцирана кома, пренесува „Јутарњи.хр“.

За време на пандемијата, таа ретко ја напушташе куќата и сè уште не е познато како се зарази со вирусот Ковид.

фото фејсбук

Нејзиното семејство се огласи една недела по загубата и ги замоли луѓето да ги следат пропишаните мерки.

– Првите денови беше дома, практично не можеше да прави ништо, лежеше во кревет и немаше сили. Мислев дека ќе падне во несвест поради начинот на кој дише и кашла. Тоа е веројатно најлошото нешто што сум го видела. Гледате луѓе на кислород на телевизија, но поинаку е кога ќе се одвива пред вашите очи – изјави нејзината сестра Рејчел Хобс.

Откако завршила во болница, Карен ги известила пријателите за својата здравствена состојба на Фејсбук.

– Ме испратија дома од болницата, но јас набрзо се вратив во собата за итни случаи затоа што не можев да дишам, и ме вратија назад во болницата … не е доволно да се каже дека Ковид 19 ме уништо! – напиша таа на 28 декември.

Два дена подоцна, таа додаде:

фото фејсбук

“Жената во креветот спроти мојот само што по* ина од Ковид. Сиромашна жена, сестрите се обидоа толку многу да и помогнат, но тоа не беше можно. Нека ова служи како предупредување за сите што мислат дека е во ред да ги прекршувате мерките. “.

За Нова година таа напиша колку и е тешко да одговори на убавите желби испратени до неа:

„Не можам да седам и да пишувам пораки“.

Дури 2 јануари, нејзиното семејство станало свесно за сериозната состојба на Карен.

– Ќе ме стават во индуцирана кома и ме предупредија дека можеби нема да се разбудам, се молам да се разбудам и да си дојдам дома кај моите деца. Преплашена не е ни приближен збор што опишува како се чувствувам! – напиша Карен во својот последен пост на Фејсбук.

фото фејсбук

Нејзината сестра Рејчел рече дека биле повикани од болницата една недела пред таа да по*ине.

– Ни рекоа дека губи се повеќе органи и дека мислат дека ќе у*ре. Останавме во шок, мислевме дека ќе се опорави – вели таа.

Вработените во болницата им дадоа на нејзините деца Дилан (14), Ним (11), Амелија (9), Сем (8) и Оливија (4), како сувенир отисок од дланката на нивната мајка и прамен коса во кутија.

– Единственото место каде што Карен одеше беше да ги испрати децата на училиште и назад, целото останато време беше дома. Најмалата сè уште не разбира што се случило, Карен беше со нив цело време – спомена Рејчел.

По нејзината с*рт, пријателите започнаа да собираат донации на страницата „GouFandMi“ за да им помогнат на децата и нивниот татко. Досега се собрани 7.000 фунти.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close