Кафе муабет

Маринко Роквиќ има вонбрачно дете кое живее во Канада, за неговата мајка не говори јавно а денес е во брак со една од најубавите жени во Србија!

Маринко го призна вонбрачниот син...

Познатиот пејач Маринко Роквиќ пред да стапи во брак, беше во врска со извесна Мила, со која го доби синот Дарио.

По врската со Мила, Маринко ја запознал сегашната сопруга Славица, со која има два сина, кој исто така се пејачи Никола и Марко Роквиќ. Иако се шпекулираше дека двајцата се развеле па потоа се смириле, малкумина знаат дека Маринко има трето дете.

Мила и Маринко никогаш не биле во брак, а нивниот син се родил како плод на љубовта. Пејачот го призна Дарио кој дојде во Белград пред некое време. Дарио е оженет со Португалка, живее во Канада со неговата сопруга и има два сина, Ромео и Матео.

Иако не пораснал со Маринко, неговиот вонбрачен син го носи презимето на неговиот татко, а од друга страна, пејачот никогаш јавно не проговорил за својата поранешна љубов која му родила син.

Иако тој секогаш беше во контакт со неговиот татко и браќата Никола и Марко, растењето без семејството на Дарио е болно сеќавање.

– Имав одлично детство, сè до војната во Сараево. Тогаш ми беше малку тешко, но сето тоа е живот. Одамна знаев дека татко ми е пејач, ја слушав неговата музика на касети. Претежно јас и Маринко бевме секогаш во контакт и продолживме да се слушаме кога се преселив во Канада во 1995 година – изјави во една прилика Дарио за „Пинк“.

Дарио во повеќе наврати истакна дека има одлични односи со своите браќа и често објавува фотографии со нив заедно на социјалните мрежи кога го посетува Белград.

Тој откри дека го наследил генот за музика од неговиот татко, кој обожава да го слуша, а порано свирел на пијано, признава тој.

Вонбрачниот син на Маринко истакна дека би сакал да порасне со неговите браќа.

– Мајка ми е прекрасна жена и секогаш се обидуваше да ми дозволи повеќе отколку што можеше. Би сакал Никола и Марко да пораснеа заедно со мене и да бевме поблиску, сепак Канада не е многу блиску. Но, таква е судбината. Добро е што сега технологијата напредува и можеме да се видиме – изјави Дарио за „Пинк.рс“.

– Имаме одлична врска, постојано се слушаме и гледаме преку Скајп. И кога ќе дојдам во Србија, секогаш сме заедно. Кога се собираме во Белград, нашите собири се исполнети со смеа, љубов и радост. Убава е атмосферата и затоа едвај чекам да дојдам- искрено заврши Дарио за „Пинк. Рс“.

Маринко и Славица Роквиќ се заедно во добро и лошо веќе 30 години.

Оваа дама маѓепсува многумина со својот изглед. Славица е посветена на пишувањето во последно време, а многумина велат дека е една од најубавите жени на пејачки во Србија.

Покрај тоа, таа е посветена баба која редовно го поминува времето со своите внуци, а со своите снааи Бојана и Сара се гордее како да и се родени ќерки.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close