MAMA

Жена која изгубила 25 килограми ја открива својата тајна на успехот: Не гладував, само ова го направив

Љубителката на фитнесот Кајли Кар од Америка имаше проблем со вишокот килограми

Доколку сакате да изгубите тежина, сигурни сме дека фотографиите на оваа жена ќе ве охрабрат да започнете да работите на тоа што е можно поскоро.

Љубителката на фитнесот Кајли Кар од Америка имаше проблем со вишокот килограми пред само неколку години, а потоа со помош на редовен тренинг успеа да ја доведе својата линија до совршенство.

Таа изгуби 25 килограми, а нејзините фотографии „пред“ и „после“ служат како мотивација за многу луѓе.

Кајли истакнува дека зад нејзиниот успех се крие голема посветеност и редовно тренирање. Наместо популарни диети, таа реши да тренира, благодарение на што топеше маснотии и градеше силни мускули.

Таа сега има 54 кг и е презадоволна од својот изглед, а на својата сметка на Тик Ток го покажа своето тело пред вежбање, кога имаше најголем број килограми.

Покрај тоа, Кајли сподели разни селфија на кои откри дека има тесни стомачни мускули и бицепс, како и слика на која носи тесен црн фустан додека се протега.Американката го привлече вниманието на корисниците на оваа интернет платформа кои го нарекоа нејзиното видео „мотивирачко“ , а објавата ја коментираа илјадници луѓе кои и честитаа на успехот.

– Фактот дека сте биле толку сигурни на почетокот, покажува дека сте силна личност.Биди  благословено девојче!

– Едно од најдобрите видеа што некогаш сум ги гледал, очигледно не гладувате и изгледате толку силно и среќно.

– Изгледате многу посреќно и посигурно! Вие сте навистина неверојатни – коментираат корисниците на Тик Ток.

Кајли има голем број обожаватели на своите сметки на Instagram и TickTock и често споделува совети со луѓе кои штотуку започнуваат процес на слабеење.

На едно видео, таа откри дека нејзините оброци главно се базираат на свежо овошје и зеленчук и месо со висок процент на протеини како мисирка.

Како ослабе Мараја Кери?

Норвешки лосос и копар – тоа е наводно се што пејачката Мараја Кери јаде по цел ден за да ја одржи линијата совршена. Странските медиуми пишуваат за нејзината диета која, како што и самата вели, е многу тешка и никој не ја сака, но во нејзиниот случај дава добри резултати.

„Многу е тешка. Би ја мразеле. Но јас многу се трудам да ја држам, само на протеини сум. Многу е тешко“, рече во една прилика Мараја, која освен ваквиот режим на исхрана редовно и вежба.

Инаку, за разлика од повеќето пејачки кои често напоменуваат дека со танц ја одржуваат линијата, Мараја главно само пее на сцена, а приватно вежба аеробик.

Здрави оброци полни со зеленчук, редовно движење и целосно избегнување на леб, чоколадо и благо – тоа е она поради кое ослабе 20 килограми. Доколку ако и се јаде нешто бладо, Мараја смее да земе само боровници или манго.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close