Кафе муабет

ЗА ИГОР ОВА БЕШЕ ШОК – Илина Арсова искрено за докторските студии во Америка

Илина Арсова искрено и емотивно за престојот во Америка...

Познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов и познатата алпинистка Илина Арсова од првиот ден кога објавија дека се во врска станаа еден од омилените парови во Македонија.

Фото: Инстаграм/Игор Џамбазов

Илина е првата македонка која  во 2013 година го искачи Монт Еверест.

„Да знаев дека олкава популарност се добивала со вљубување во јавна личност, ич немаше да се мачам толку години наназад да ги качувам светските врвови“ рече во една прилика Илина.

Фото: Инстаграм/Игор Џамбазов

Неодамна одржа 5-тото јубилејно издание на изборот на „Мажи на годината“ во хотелот Doubletree by Hilton Skopje, а наградата „Маж на годината избран од страна на организаторите“ ја доби Игор Џамбазов.

Фото: Инстаграм/Игор Џамбазов

Тој на сцената имаше шеговито, но и емотивно обраќање и наброја со што сè ја заслужил оваа награда во текот на 2022 година.

Игор Џамбазов при подигнување на наградата изјави:

Фото:Инстаграм/Илина Арсова

„Ми велат награда „Маж на годината“ и веднаш правам листа да видам дали сум ја заслужил.

Нова сезона на најгледаната хит серија „Преспав“, квизот „20 секунди“ на МТВ, еколошката серија „Агенда 21“ со Весна Петрушевска, ја завршив седмата книга, во моментот играм и режирам претстава, која ќе игра во февруари, истава година ја добив наградата која го носи името на мојот дедо Петре Прличко, потоа го завршив мојот најдолг музички албум се вика „30 години Игор Џамбазов и Гуру Харе“, го загубив мојот најдобар пријател Сашо Пижевски Пиже, го загубив мојот машки родител Александар Џамбазов, значи навистина има еден маж на година тука.

Фото: Инстаграм/Игор Џамбазов

Помладиве нешто се многу јаки во инбокс, а кога ќе застанат очи во очи не знаат да бекнат. Значи не се плашете да ги искажувате своите чувства, особено кон жените и ќе ја злоупотребам говорницава во име на тоа: „Илина Арсова, љубов моја, те сакам.“

Фото:Инстаграм/Илина Арсова

Потоа и Илина сподели фотографии од него на Инстаграм и напиша: „Љубов моја нека се множат, заслужени се, те сакам. Честито на мојот маж на годината.“

Фото:Инстаграм/Илина Арсова

Во своето последно интервју за Женски Магазин Илина искрено говори за престојот и докторските студии во Америка, за односот со колегите, роднините и со саканиот, Игор.

Фото: Инстаграм/Игор Џамбазов

Таа веќе четири месеци го живее својот сон. За заминувањето на докторските студии, вели дека добила неизмерна поддршка од блиските, а меѓу нив секако и Игор Џамбазов, нејзиниот партнер. Кога чувствува носталгија за дома, Илина тоа го искажува на нејзин, специфичен начин, на Инстаграм, поинаков од Игор кој создаде своја дијагноза, нарекувајќи ја Илинопатија. Илина за Женски магазин раскажа за предноста на студиите во Тенеси, и за патувањата кои ѝ се приоритет.

Фото: Инстаграм/Игор Џамбазов

Постојано им ги споделувам убавините на Македонија на моите колеги и студенти. Но навистина ми недостига социјалниот живот во Македонија. Кога не сум на факултет, обично  сакам да ги практикувам истите работи како во Македонија. Односно  одам да качувам карпи, посетувам изложби, пливам и пешачам, искрена е Илина за Женски Магазин.

Фото: Инстаграм/Игор Џамбазов

Се’ уште немам автомобил, користам позајмен телефон, а заштедата ја користам за некое мало патување – сподели Илина.

Фото/Принтскрин

Таа сподели дека нејзините блиску го очекувале ова, бидејќи знаеле за планот за докторските студии.

Фото/Принтскрин

,,За Игор ова можеби беше и шок, иако тој вешто го крие тоа и секогаш ми дава неизмерна поддршка” – емотивно раскажа Илина за Женски Магазин

  Фото/Принтскрин

Фото/Принтскрин

Фото/Принтскрин

Фото/Принтскрин

Фото/Принтскрин

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close