Кафе муабет

Мудри зборови на еден монах – еве како да им одговорите на оние што ве понижуваат и навредуваат

Само на овој начин ќе излезете како победник

Овој монах важел за човек кој секогаш бил смирен и кој никој не можел да ги изнервира или навреди.

Кај него доаѓале луѓе од најоддалечените краеви во светот. Тоа го слушнал некој измамник и решил да го тестира стариот мудрец.

Кога отишол кај него штом го видел веднаш почнал да го навредува и понижува со погрдни зборови.

Но откако почнале да му недостигаат навреди што може да му ги каже, за момент застанал и сфатил дека монахот се уште е смирен.

Тој бил истиот, смирен и прибран како и пред да дојде измамникот.

Тоа дополнително го изнервира, па настави со навредите, само овој пат уште поцрни од порано. Но повторно сé беше залудно – неговите недолични зборови воопшто не допираа до старецот.

И кога го изгубил и посебниот атом сила, одлучил да му пријде на монахот и да ја открие неговата тајна.

„Јас ги разбирам тие ваши духовни работи и тоа демек не ви е гајле што другите мислат и зборуваат, но јас те понижував и навредував, треба да научиш дека мора да се бориш за себе, му кажал човекот.

„Сине, може ли јас да ти поставам само две прашања?“ го запрашал монахот измамникот прозборувајќи за прв пат.

„Секако“, му кажал човекот.

„Ако ти на мене ми донесеш подарок, и јас не го прифатам, кому тогаш тој подарок и понатаму му припаѓа?“, го прашал монахот.

„Па ако не го прифатиш подарокот, тогаш тој се уште ми припаѓа на мене“, му одговори расипаниот човек.

„Е сега сине мој, ако ти за мене имаш само навреди, и јас не сакам да ги прифатам, кому тогаш му припаѓаат?“ заклучи мудриот човек, се сврте и си замина, а измамникот останал во чудо.

Во продолжение прочитајте и неколку библиски изреки кои исто така во себе носат голема мудрост. 

Никому не враќајте зло за зло и бидете добри не само пред Господ, туку и пред сите останати луѓе.

Потсмевачот бара мудрост и не ја наоѓа, а разумниот лесно доаѓа до знаење. Домот на нечесните ќе пропадне, а живеалиштето на праведниците ќе процвета. И во смеата срцето чувствува болка, а после веселбата доаѓа тага.

Лукавиот се сити со своите престапи, а добриот човек со својот труд. Глупавиот верува на секој збор, а умниот внимава на својот чекор.

Со гордоста доаѓа срамот, а мудроста е во смирените.

Праведните ги води нивната невиност, а безбожниците ќе ги погуби нивното лукавство.

Богатството не помага во денот на Божјиот гнев, а правдата избавува од см-рт. На непорочниот правдата му го исправува неговиот пат, а нечесниот пропаѓа во него од својата нечовечност и нечесност.

Праведникот се спасува од беда, а нечесниот доаѓа на неговото место.

„Сине мој, ако грешниците те мамат, не се согласувај со нив. Ако ти речат: „Дојди со нас, да демнеме кр-в, да чекаме во заседа невини за ништо, како гр-об живи да ги проголтаме, и цели како оние, што слегуваат во гр-об, ќе заплениме секакво благо, ќе ги наполниме своите куќи со плен, ќе го фрлаш со нас својот жреб, сите заедно ќе имаме едно ќесе. Сине мој, не оди со нив на пат, тргни ја ногата од нивните патеки, зашто кон зл-о трчаат со своите нозе и итаат да про-леат к-рв. Зашто напразно е да се оптегнува мрежа, пред очите на сите птици. А тие ја дебнат сопствената к-рв, поставуваат заседа за своите души.

Извор: Стил.курир.рс, Библија, Гламур

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close