Градинка

2 реченици кои не треба да му ги кажете на вашето дете

Родителството е стресно и напорно, но мора да внимавате кои зборови му ги упатувате на вашето дете.

Живееме во стресно и брзо време и понекогаш кажуваме некои работи без да размислиме дека ќе го повредиме нашето дете. Децата се многу почувствителни и многу повеќе разбираат отколку што ние мислиме, па затоа, треба да внимаваме како се однесуваме со нив.

Еве кои 2 реченици не би требало да им ги кажувате на вашите малечки.

„Ќе му кажам на татко ти за ова, па ќе видиш ти“

Зошто да чекате да се врати партнерот? Додека таткото се врати, голема е веројатноста детето да заборави што направило и нема да знае зошто го карате. Исто така заканите од овој тип предизвикуваат страв и вознемиреност кај вашето малечко.

Кога децата ќе погрешат нешто, потребно е да се справите со ситуацијата веднаш за да може детето да сфати дека неговото дејство ги предизвикало непосакуваните последици.

„Не досадувај, остави ме малку да одморам на мир“

Децата понекогаш знаат да ви поставуваат илјада прашања или да се обидуваат по пет пати да ви ја кажат истата работа, па лесно може да се изнервирате. Но, повторувањето на ваквите остри реченици не му испраќа позитивна порака на вашето дете и му остава впечаток дека не сакате да зборувате со него и да ги ислушате неговите проблеми. Наместо тоа, обидете се смирено да му кажете дека ќе зборувате малку подоцна.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close