Кафе муабет

Конечно откриена вистината за распадот на “УРАГАНКИТЕ”: Ксенија призна со која од девојките не можела да функционира!

Кажа се што мисли...

Неколку пати во медиумите се шпекулираше за наводниот конфликт меѓу поранешните членови на групата „Ураган“, а сега Кнежевиќ призна дали има шанси и под кои услови сите три повторно би се собрале на настап.

Фото Инстаграм/ hurricane_official

– Кој те нервираше повеќе – Ивана или Сања? – беше прашањето за Ксенија Кнежевиќ.

Фото Инстаграм/ hurricane_official

Пејачката без размислување одговори:

Фото Инстаграм/ hurricane_official

– Сања! Таа повеќе ме критикуваше. – одговори Ксенија, а потоа Огњен ја праша чија песна повеќе и се допаѓа?

Фото Инстаграм/ hurricane_official

Ксенија Кнежевиќ пред камерите на Амиџи Шоу проговори и за распадот на групата „Ураган“ за која на големо се шпекулираше и конечно ги разреши дилемите.

Фото Инстаграм/ hurricane_official

– Договорот ни истече. Наполнивме 30 години и се се промени. Сите сме различни и мило ми е што ниту една од нас не се откажа. Ако некој ни се јави за добра заработка се здружуваме и доаѓаме заедно! – откри поранешната Ураганка.

Фото Инстаграм/ hurricane_official

Сега се пријателки…

Летово тие ја информираа јавноста дека заедно ќе настапуваат до септември.

Фото Инстаграм/ hurricane_official

– Сега сме пријателки, кога решивме да се распднеме. Се шегуваме, се разбира, штотуку почнавте да го забележувате нашето дружење. Ќе има многу новитети, подготвуваме спотови – рече Ивана тогаш.

Фото Инстаграм/ hurricane_official

– Ни треба одмор, ова не е маркетиншки трик, можеби некогаш ќе има реунион, но ќе видиме. Сега се брзаме, мене ме чека мајка ми, а не дечкото – велат девојките од групата за емисијата „Премиер-викенд специјал“.

Фото Инстаграм/ hurricane_official

Девојките изминатите години одлично се снајдоа, а побарувачката за нив беше голема, особено по минатогодишното учество на „Евровизија“. Сепак, бурното темпо си го направи своето, па тие решија да започнат нови поглавја во животот.

Фото Инстаграм/ hurricane_official

– Многу брзо по истекот на договорот, кој трае до септември годинава, Ксенија ќе се омажи за својот долгогодишен партнер Никола Тодоровиќ.

Фото Инстаграм/ hurricane_official

Венчавката била најавувана во неколку наврати, но таа сакала да ја направат кога веќе нема да биде членка на групата и така ќе има многу слободно време на располагање, истакнува изворот.

Фото Инстаграм/ hurricane_official

– Сања Вучиќ ќе се посвети на работата во студио. Во претходниот период работеше многу песни за други уметници како Теодора Џехверовиќ, Теа Таировиќ, МЦ Стојан, како и песни за групата „Ураган“, а во авторското творештво се гледа и во наредните години.

ФОТО: Ксенија Кнежевиќ / Инстаграм

Ивана Николиќ, пак, започнува приватен бизнис за кој допрва ќе се зборува, додава изворот.

Фото Инстаграм/Ксенија Кнежевиќ

– Секоја од нив во групата заработуваше од 1.000 до 1.500 евра по настап, што е голема сума, особено ако се има предвид дека работеа нон-стоп, и по неколку настапи неделно.

Фото Инстаграм/Ксенија Кнежевиќ

– Беше исклучително голема чест да се работи со Сања, Ивана и Ксенија, кои докажаа дека се професионалци, и го оправдаа статусот на ѕвезди кои во меѓувреме го стекнаа исклучиво благодарение на нивниот труд, посветеност и талент. Нагласуваме дека и тие ја оправдаа довербата што им ја даде нашата продукција. Затоа уште еднаш повторуваме дека одлуката за раскинување на соработката е донесена со заеднички договор истакнаа од продукцијата со која работеа девојките и додадоа дека напорно работеле во последните години, и дека на сите им е потребен одмор.

Фото Инстаграм/ Сања Вучковиќпш

– Секако дека ќе одлучат за натамошниот развој на нивните кариери согласно нивните планови и очекувања, а ние искрено им посакуваме уште поголем успех од оној што го постигнавме со заедничка работа. Поради сето ова, решивме турнејата да ја придружиме со неколку нови песни кои ќе ја одбележат и заокружат работата и успехот на групата Hurricane .

Фото Инстаграм/ Сања Вучковиќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close