MAMA

Мајка објаснува зошто жените толку се променуваат после децата

Повеќето жени не се исти по породувањето...

Мајката Лесли Спурлок објаснува зошто едноставно жените не се исти откако ќе добијат деца.

„Жената не е иста од тогаш кога можеше да оди во кревет во 23 часот и да спие до следното утро, кога би се извлекла од креветот, би се истуширала и опуштено би пиела кафе додека се шминка и ја средува косата, кога планирала секој ден да поминува по час и половина во теретана или два часа во шопинг.“

Таа признава дека повеќето жени не се исти откако ќе станат мајки и секој маж кој го очекува тоа има сериозен проблем.

„Таа е жена која сега ги заспива децата, гледа серии до полноќ, која се буди илјада пати пред да изгрее сонцето и потоа сака да биде заедно со децата и почнува се’ од почеток… Секој ден.“

Оваа жена можеби нема да ви дава иста количина време или енергија како некогаш, но оваа мајка објаснува дека нивните партнери тоа мора да го разберат. Таа е жена која понекогаш е толку исцрпена од доење, хранење, трчање по децата, возење на децата во училиште или градинка, на секакви активности и понекогаш нема енергија која би можела да ви ја даде. Таа е истрошена.

Кога станува мајка, жената се менува многу. Затоа, нејзиното тело не е онакво какво што сте го гледале пред да стапите во брак. Нејзиниот ум не е ист. Таа сега има многу работи кои ѝ го пополнуваат времето. Нејзиното трпиение не е исто, поголем дел од времето го троши на децата.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close