Кафе муабет

Емина Јаховиќ никогаш не била поискрена: Решив да се откажам од работата, токсични врски и разни главоболки

Реши вистински да одмори...

Пејачката Емина Јаховиќ моментално ужива на море, од каде сподели објава која ги изненади нејзините следбеници.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Имено, Емина Јаховиќ објави дека зад неа е тежок период, и дека сега после долго време сака да одмори од се.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Најмалку три години без вистински одмор… Летово решив да се откажам од се, вклучително и работа… Од токсични врски и непотребни главоболки, непотребни луѓе, секаква непотребна работа. Имам среќа што веќе напишав неверојатен албум, кога бев инспирирана за него, со таа тешка состојба на умот… Зима 2022. Песните се подготвени и полни со емоции низ кои морав да поминам во последно време… Не беше лесно, но ми беше драгоцено да го доловам тој момент и да го преточам во зборови и уште подобар звук. Созреав, научив многу. Сега се занимавам со наоѓање мир, кажи смиреност пред бура за неверојатен проект на кој му треба внимание и креативност, напиша Емина во описот на фотографијата на која позира на лежалка во сино бикини и пие коктел.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Таа потоа додаде дека во голема мера се подготвува за нови деловни проекти, но дека не сака да прави ништо „на сила“.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Многумина од вас ме прашуваат кога ќе биде албумот, кога ќе биде концертот во Арена. Верувајте ми, се подготвувам за тоа… ментално и физички, за да можам да го направам само најдоброто, комплетно со енергетска бомба која ќе ти го разнесе умот. Никогаш не се шегувам кога е музиката во прашање, но на секој уметник му треба време да го даде најдоброто од себе, а јас никогаш нема да бидам некој што ќе направи нешто само за да биде во центарот на вниманието. Тоа никогаш не ми се допаѓало. Само кога искрено имам што да кажам преку мојата музика. Тоа е мојот начин… Не ме интересира ништо друго. Мислам дека го направив тоа. Сега само го славиме животот и се чувствуваме благодарни за сè што имаме или немаме. Универзумот работи само за нас, никогаш против… Ве сакам сите, изјави атрактивната пејачка.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Инаку поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал пред една недела се ожени со својата девојка Мелис Сутсуруп, а сега заминаа на меден месец.

Фото Инстаграм/ Мелис Сутсуруп
Фото Инстаграм/ Мелис Сутсуруп

Она што изненади многумина е тоа што популарниот пејач и неговата избраничка решиле да го поминат медениот месец во Бодрум, каде Емина со помалиот син деновиве летува.

Фото Инстаграм/ Мелис Сутсуруп
Фото Инстаграм/ Мелис Сутсуруп

Откако се разведе од српската ѕвезда, турскиот пејач набрзо стапи во врска со сегашната сопруга, а минатата година ја запроси.

Фото Инстаграм/ Мелис Сутсуруп

Емина не зборуваше многу за разделбата со пејачот, иако призна дека и било многу тешко. Затоа и не е чудно што се изненадила кога дознала дека Мустафа пристигнал во Бодрум каде таа во тој момент летувала.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Според турските медиуми, Сандал и неговата сопруга пристигнале во ова одморалиште на меден месец, знаејќи дека таа е таму со еден од нивните синови. Сепак, тие не престојувале во ист хотел, туку според изворот, за малку ќе се сретнале во еден ресторан.

фото инстаграм/ Емина Јаховиќ

Имено, Емина таму вечерала со својот наследник, а само десет минути по нејзиното заминување пристигнале Мустафа и Мелис.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

Присутните гости биле шокирани, а многумина коментирале дека би било интересно да се видат на истото место по разводот и судскиот процес во кој таа го тужи за неплаќање алиментација.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close