Кафе муабет

Е ова никој не го очекуваше: За прв пат се огласи Данијела по свадбата на Грашо и Хана- нејзината изјава збуни многумина…

Сите го чекаа овој момент...

Откако Петар Грашо се ожени со 14-години помладата ќерка на Тончи Хуљиќ, Хана Хуљиќ, се огласи и неговата поранешна девојка Данијела Мартиновиќ со која помина 24 години.

ФОТО: Петар Грашо / Инстаграм

Пејачите беа долги години во врска, а потоа нагло раскинаа, па Грашо заплови во врска со Хана. Данијела само еднаш проговори по раскинувањето и неговата венчавка, а во едно интервју даде енигматска изјава:

ФОТО: Петар Грашо / Инстаграм

-Многу е тешко да се разликува што е загуба, а што добивка, бидејќи она што ни се чини дека е загуба со текот на времето станува добивка, а тоа што е добивка со текот на времето можеме да го доживееме како загуба. Тоа е магијата на времето – изјави Данијела за „Story.hr“ и јасно стави до знаење дека времето „го направи своето“.

Фото: Мarko Prpic/PIXSELL

Била во брак три години…

Малкумина знаат дека Данијела Мартиновиќ веќе била мажена, а се венчалa во истата црква во која се венчаше и Петар Грашо!

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Венчавката на Петар Грашо и Хана Хуљиќ предизвика голем интерес во јавноста, но и отвори некои стари рани, пред се поради долгогодишната врска на пејачот и Данијела Мартиновиќ.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Така дојде до израз претходниот период од животот на Данијела, како и нејзиниот брак, за кој многу малку се зборуваше.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Имено, таа во 1995 година се омажи за музичарот Марко Перковиќ Томпсон, но три години подоцна се разведе. За случајот да биде уште поинтересен, и Петар и Даниела се венчаа во иста црква – Свети Доминик во Сплит.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Се чини дека ова светилиште е предодредено во животот на Данијела,- таму го започнала својот музички „живот“, пеејќи како девојка во црковниот хор.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Данијела најмногу молчеше за бракот со Марко, а уште повеќе за разводот со него, бидејќи јавноста во Хрватска се сврте против неа. Иако таа се разведе три години по венчавката, црковниот развод траеше многу подолго. Дури во 2006 година Католичката црква дала согласност за поништување на бракот, а во меѓувреме Марко – како самопрогласен голем верник, не можел да се венча во црква. Дополнително, медиумите објавија дека Тончи Хуљиќ барал од Данијела да го премолчи Марко, за неговиот проусташки углед да не ја загрози работата на групата „Магазин“ во која таа пеела.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Таа, пак, веќе започнала врска со Грашо уште пред официјалното завршување на црковниот брак. Тие биле пријатели и порано, а кога се дознало дека се заљубени, таа рекла: “Не е тајна дека го сакам Петар Грашо. Со целото битие стојам зад таа љубов. Мислам дека тоа е најважното”.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Даниела тогаш изјави дека „за се друго ќе има време“, но се покажа дека времето не може вечно да биде сојузник на оваа љубов.

фото Инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close