MAMA

Кејт Мидлтон блескаше во жолтиот фустан додека го лулаше бебето во своите раце

Принцезата од Велс создава воздишки во прекрасен жолт фустан, додека држи новороденче во своте прегратки

Мајчинските инстикти на принцезата повторно дојдоа до израз

Принцезата од Велс изгледаше прекрасно вчера кога се појави во прекрасен жолт фустан за време на својата посета на наградувано породилно одделение во болницата Сари, на нејзиниот прв соло јавен кралски ангажман по превземањето на новата титула.

ФОТО: Принтскрин/Кејт Мидлтон

40 годишната мајка на три деца Кејт Мидлтон, изгледаше блескаво во фустанот со жолта боја по цена од 220 фунти на креаторката Карен Милен, додека во болницата Крал Сари, во округот Гилфорд го држеше во прегратка новороденчето, каде што ја искажа својата голема поддршка на бремените жени и новите мајки.

Мајчинските инстикти на принцезата дојдоа до израз, кога го зеде новороденото девојче Бјанка во своја прегратка, додека ја придржуваше главата на малото бебе, за цело време носејќи маска со цел да го заштити новороденчето од Ковид 19.Таа покрај тоа разговараше и со мајката на Бјанка, Силвиа Новак, во однос на грижата која и била пружена во ова породилно одделение.

ФОТО: Принтскрин/Кејт Мидлтон со бебето Бјанка

Нејзиното кралско височество го надополни својот прекрасен жолт фустан со високи потпетици во темно плава боја и со иста боја на чанта.

Нејзините констенливи прамени, кои беа во форма на кадрици, сместени зад едното уво, отскокнуваа на ветрот на влезот на болницата. Таа била забележана дека цело време додека траела нејзината посета во болницата, носела маска за лице, во согласност со прописите кои се на сила, како заштита од Ковид 19.
Принцезата носела едноставни обетки во форма на солза, со сребрена боја, а нејзината шминка беше неутрална, минимална сенка за очи и неутрален кармин.

ФОТО: Принтскрин/Кејт Мидлтон во разговор со мајката на бебето Вјанка

Ова породилно одделение кое се грижи за околу 3000 бебиња секоја година, ја доби златната награда од УНИЦЕФ во Мај, за нивната извонредна работа во поддршката за хранење на новороденчиња и развивање на однос родител-новороденче.

Ова е соло патување на принцезата, додека принцот Вилијам ги извршува своите сопствени должности- средба со млади фудбалери на тренинг во паркот Сент Џон.

ФОТО: Принтскрин/Кејт Мидлтон во посета на породилното одделение во болницата Крал Сари

Кејт и принцот Вилијам станаа принц и принцеза од Велс од страна на кралот Чарлс 3-ти, на 9ти Септември оваа година, титула која е резервирана за наследникот на монархот.

Принцезата се сретна и со персоналот од тимот Јасмин, кој им помага на жените погодени од ментални болести за време на пред и постнаталниот период, појава која ги погодува една од пет жени во Велика Британија.

ФОТО: Принтскрин/Кејт Мидлтон

Кејт Мидлтон која неодамна стана покровител на Алијансата за ментално здравје на мајките, се вели дека е многу заинтересирана за менталната благосостојба на мајките.

-Сите знаеме дека бременоста, породувањето, првиот месец и првата година од животот на детето знаат да бидат многу тешки. Родителите често се чувствуваат многу осамено во овој период-изјави таа.

-Никој не е имун на депресија и анксиозност во тој период од животот-додаде принцезата.

-На сите нас ни е обврска да ги поддржуваме родителите и старателите и сите оние кои денес одгледуваат деца-заклучи Кејт, пишува Дејли Меил.

ФОТО: Принтскрин/Кејт Мидлтон со дел од вработените во тимот Јасмин

Еден од почуствителните делови од посетата на болницата бил посета на Одделот за специјална нега, каде се сместени пред време родените бебиња. Принцезата го посетила одделот, ја дала својата огромна поддршка на вработените , како и на семејствата чии бебиња се на овој оддел.

Во овој оддел Кејт била запознаена со новиот модел кој бил воведен од персоналот на болницата со кој што е можно повеќе мајки добиваат континуитет на грижа за време на бременоста и по породувањето.

ФОТО: Принтскрин/Кејт Мидлтон

По посетата, принцезата од Велс го искористи заедничкиот Инстаграм профил кој го има со својот сопруг за да ја пофали работата на болницата.

ФОТО: Принтскрин/Кејт Мидлтон во разговор со вработена која добила награда за породилна нега
ФОТО: Принтскрин/Кејт Мидлтон
ФОТО: Принтскрин/Кејт Мидлтон
ФОТО: Принтскрин/Кејт Мидлтон во моментот на пристигнување во болницата Крал Сари
ФОТО: Принтскрин/Кејт Мидлтон
ФОТО: Принтскрин/Кејт Мидлтон
ФОТО: Принтскрин/Кејт Мидлтон
ФОТО: Принтскрин/Кејт Мидлтон
ФОТО: Принтскрин/Кејт Мидлтон

Извор: Дејли Меил

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close