Кафе муабет

НЕ Е ТАКА КАКО ШТО ИЗГЛЕДА: Макрон нема толку пари колку што мислат многумина, се е во рацете на неговата „жена пума“!

Брижит поседува цело богатство...

Поради новиот вид на Омикрон кој предизвикува проблеми во Франција, како и целата пандемија со коронавирус, веста за богатството на француската претседателска двојка и нивниот имот речиси помина под радар.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Иако информацијата беше објавена во јавноста на почетокот на декември минатата година, таа заврши незабележано, но сепак француски Le Figaro се погрижи и сега за неа да се зборува и пишува.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Од изјавата што ја дал Макрон, евидентно е дека тој не поседува недвижен имот и дека на сметката има нешто повеќе од 167 илјади евра.

Имено, сопругата Брижит поседува недвижен имот. Таа поседува четирикатна куќа во Ле Туке, наречена Вила Монежан, именувана по нејзините родители Симон и Жан, и е наследничка на чоколадната империја Троњу, основана од нејзините родители.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Инаку, на приземјето од куќата, Брижит издава два стана – во едниот има агенција за недвижности, а во другиот бутик. Францускиот претседател уште во 2017 година ја пријавил вредноста на куќата на 1,2 милиони евра, додека денес вредноста е многу поголема. Имено, вредноста се проценува меѓу 2,7 и 2,8 милиони евра.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Вилата е реновирана во 2011 година, поради што подигнале кредит од 350 илјади евра за 15 години.
Инаку Брижит Макрон е во центарот на вниманието на европската јавност од 2017 година, кога нејзиниот сопруг Емануел стана претседател на Франција, а таа прва дама.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Нивната љубовна приказна и разликата во годините постојано е на тапет, но како што може да се види од сите јавни појавувања, парот е во хармоничен брак а Макрон е премногу заљубен во својата сопруга која е 24 години постара од него.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Брижит неодамна даде искрено интервју за францускиот „M Le magazine du Monde“, зборувајќи за својот брак, но и за бројните критики со кои секојдневно се соочува.

Инаку, таа е родена во семејство кое припаѓа на буржоаската класа, а посетувала приватно католичко училиште, па оттука и критиките упатени кон нејзината перцепција на реалноста.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Таа потсети и на помпата околу реновирањето на Елисејската палата, чија сметка изнесуваше неколку милиони евра во екот на кризата на жолтите елеци, односно масовните протести во Франција. Првата дама тврди дека чистењето било неопходно и дека морало да се внесе духот на модерноста во самиот декор на палатата, бидејќи се било во стилот на империјата.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

„Постоеше загриженост за поплавите и таписериите мирисаа на тутун“, коментира таа.
Брижит се осврна и на неизбежната разлика во годините меѓу неа и Макрон, која ја интригира не само локалната туку и светската јавност.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

„Французите несомнено би претпочитале помлада прва дама. Знам, ние сме нетипичен пар, меѓу нас има разлика од 24 години и разбирам дека можеби за многумина е несфатливо и неразбирливо. Од друга страна, не можам да разберам од каде доаѓа толкава агресија“, рече таа.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Да потсетиме, Макрон ја запознал својата сопруга уште во 1993 година кога имал 15-години во приватно училиште во Амјен, каде таа била вработена како учителка, а тој го посетувал истото. „Индепендент“ пишува дека претседателот на Франција немал ни 17 години кога започнал долгогодишна врска со тогаш се уште мажената Брижит која имала 40 години. Поради него го оставила првиот сопруг со кој имала три деца и во 2007 година се омажила за Емануел. Интересен е фактот дека едно од нејзините деца било соученик на Макрон.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

-Тоа нè зближи, се дружевме секој петок и ставаме неверојатно блиски – изјави во една пригода Брижит.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон
Фото Инстаграм/Брижит Макрон

-Емануел велеше дека така ќе им ја затвориме устата на сите и се земавме. Тој е како суштество од друга планета, кое поседува комбинација на ретка интелигенција и изворедна хуманост. Филозоф кој стана банкар и политичар и јас сè уште сум вљубена во него како тинејџерка – рече во една прилика првата дама.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close