Кафе муабет

Бекута прозборе за тестаментот на Мрка и откри се: Еве кај кого останува целото наследство

Наследството припаѓа на првата сопруга...

Изминатиов период многу се шпекулираше околу тестаментот на Милутин Мркоњиќ, и за тоа на кого ќе остане неговиот имот со оглед на тоа што не беше разведен од својата прва сопруга Даша.

фото инстаграм,/Ана Бекута

Инаку викендов се наврши една година од смр-тта на Милутин Мркоњиќ а на комеморацијата меѓу првите се појави неговата долгогодишна партнерка Ана Бекута. Неутешна поради голема загуба, фолк ѕвездата тешко ги поднесува шпекулациите и злонамерните коментари за тестаментот на Мрка, па сега се огласи и конечно проговори на оваа тема.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

„Додека мојот свет се уриваше изминатата година, многу луѓе зборуваа за мојот и имотот на Милутин. Понекогаш беше тешко да се прочита и свари. Како да сум некоја сиромашна а не жена која работи, стекнувала и создавала во последните четириесет години. Можеби ви е незамисливо, но јас заработив повеќе од Милутин. Вложував мудро и живеев исто и пред него, со него и по него. Тоа што го имаше Милутин остана на вистинскиот наследник и јас немам ништо против тоа и никогаш немав. Нема тестамент и нема сапуници кои ги создаваат медиумите. Животот го живеевме во хармонија и договор. Можеби вие не би живееле така, тоа е ваша работа. Нашето беше наша работа. Никогаш не ме интересираа пари од едноставна причина што имав свои. Во периодот кога го запознав Милутин ми требаше само љубов, топлина и внимание. Го добив тоа и до крајот на неговиот живот живеевме во таа топлина, љубов и внимание.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

Тажно е да се види колку за некои луѓе е неверојатно жена да има, жената да заработила, создавала и стекнала без маж. Ако нешто такво е неверојатно во 21 век, ние како народ имаме сериозен проблем.
Посакувам сите девојки да најдат љубов каква што ја најдов јас во Милутин. За парите порижете се сами. Така е послатко“ напиша Ана Бекута на својот Инстаграм профил.

фото инстаграм/Ана Бекута

Со оваа изјава Бекута ги потврди гласините дека Даша е единствената законска наследничка. Таа посочи дека сето тоа што го имаше стекнато Милутин остана на вистинскиот наследник а таа нема ништо против.

фото Инстаграм/Ана Бекута

Како што неодамна објави српски Курир, Драгана Даша Мркоњиќ, законската сопруга на Мрка наводно ја наследила пензијата на покојниот политичар, како и целиот негов имот, вклучително и стан на улицата Крунска во Врачар и автомобил „мерцедес“.

фото инстаграм,/Ана Бекута

Имено, иако медиумите со месеци шпекулираа за оставинското рочиште за наследството на Милутин Мркоњиќ, Курир објави дека тоа всушност не било одржано.

Фото Инстаграм/Ана Бекута

-Главната конфузија настана затоа што Мркоњиќ никогаш не бил законски разведен од сопругата Даша, иако не живееле заедно повеќе од 10 години, а политичарот јавно се забавувал и живеел во вонбрачна заедница со пејачката Ана Бекута. Сите се прашуваа како е решено прашањето за наследството на Мрка и кога ќе се одржи оставинското рочиште. Но, немало никаков разговор за наследството, бидејќи според законот, сè и припаднало на неговата сопруга Даша, како единствен законски наследник, бидејќи таа и Мрка немале деца. Меѓу другото таа го наследила станот на улицата Крунска и автомобил „мерцедес С 500 л“, како и пензијата на политичарот која изнесувала околу 90.000 динари. Ана Бекута ова не го оспори и остана во пентхаусот во Врачар, каде што живееше со него – откри добро упатен извор.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

– Даша започна со реновирање на станот а моментално издава уште еден стан. Не се знае што се случило со остатокот од имотот на Мрка и потенцијалните заштеди, а доколку имало, според законот, се и припаднало на Даша – вели изворот за српски Курир.

ФОТО: Инстаграм/Ана Бекута

Пејачката пак никогаш и не била заинтересирана за наследството на Милутин Мркоњиќ бидејќи уште пред да бидат заедно таа поседувала сопствен недвижен имот и автомобили, кои ги стекнала како една од најдобрите и најбараните пејачки во регионот.

фото инстаграм,/Ана Бекута

Тестаментот на Милутин Мркоњиќ ги зближи вдовиците на политичарот, кои од самиот почеток имаат коректен однос, кој сега е подобрен.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм
ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм
ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм
ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм
ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм
ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close