Кафе муабет

ЦРВЕНО ГРЕЕНО ВИНО И УЖИВАЊЕ НА СНЕГ – Тамара одмара со децата во Маврово

Пејачката ужива во Маврово...

 

Македонската пејачка Тамара Тодевска остави зад себе една тешка година. Имено токму кон крајот на 2022 година пејачката соопшти дека се разведува од својот сопруг Александар Димитриевска – Мачка со кој ги има ќерката Хана и синот Дарен.

Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска

,,Да, точно е дека се разделивме, но ќе продолжиме да одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко. Ова не е ниту прв, ниту последен ваков случај. За мене, искрено, многу важни се децата, нивните права и интереси да останат заштитени.

Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска

Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на нив и сакам да останат настрана од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично. И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив”, изјави тогаш Тодевска за Убавина и здравје.

 

Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска

Тамара и Мачка беа седум години во брак. Во една изјава за Репортер пејачката кажа дека со поранешниот сопруг најважни им се децата и ќе успеат да го зачуваат пријателството.

Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска

Неодамна, синчето на Тамара и Мачка, Дарен наполни четири години. Роденската прослава ја направија во познат скопски ресторан.

Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска

Она што е интересно е дека на забавата беа присустни и двајцата поренешни сопружници.

Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска

Ова беше првото појавување во јавноста на пејачката и поранешниот сопруг по објавата за нивниот развод.

Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска

Поп-пејачката периодов е на зимување со своите деца во Маврово.  Таа објави фотографии со Хана и Дарен како уживаат на мавровскиот снег. Со црвено греено вино во рацете Тамара преку фотографии покажа како ја ужива зимата.

Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска

Маврово е честа дестинација на познатата пејачка.

Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска

Таа е доста активна на социјалните мрежи каде постојано објавува интересни моменти за фановите кои ја следат!

Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close