Кафе муабет

Овие хороскопски знаци повеќе уживаат во туѓото страдање, отколку во сопствената среќа

„Енергетските вампири“ најчесто се раѓаат во овие хороскопски знаци.

Во овој модерен свет, се’ повеќе постојат луѓе кои ни ја црпат енергијата и си ја хранат душата со фактот дека на другите работите не им одат од рака. Астролозите велат дека овие „енергетски вампири“ најчесто се раѓаат во овие хороскопски знаци.

Стрелец

На прв поглед овие личности изгледаат, љубезно, но, тоа е само нивна маска. Стрелците никогаш нема да ја пропуштат приликата да го извлечат од другите она што им е потребно. Тие се вешти манипулатори и ги користат луѓето за да дојдат до зацртаната цел.

Тие ќе ви станат најдобри пријатели, па од вас ќе го земат она што им треба, па ќе ви го свртат грбот и никогаш нема да ви се јават.

Јарец

Во овој знак се раѓаат луѓето кои на сите им завидуваат на успехот. Тие сакаат да шират приказни за другите луѓе и уживаат во туѓото страдање. Во крвта им е да ги понижуваат другите личности и честоапти мислат дека секогаш се во право и дека немаат ниту една мана.

Кога ви е лошо во животот, Јарецот секогаш ќе ви се најде во близина за да додаде сол на раната.

Лав

Претставниците на овој хороскопски знак едноставно сакаат да им го загрочат животот на оние луѓе кои им стојат на патот. Тие се мајстори на одмаздата и тоа го прават смислено и плански. Многу лесно ги губат нервите поради туѓиот успех и ако на некоја личност ѝ оди добро, тогаш веднаш таа личност станува непријател на Лавот.

Претставниците на овој хороскопски знак имаат потреба да бидат пред сите, на вртвот и во центарот на вниманието, па честопати чувствуваат љубомора и бес поради туѓиот успех.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close