Градинка

Мојот син почна да готви од 14 месеци, сега има 3 години и редовно спрема оброци

Неговата мајка објаснува дека нејзиниот син готви од навршени 14 месеци.

Една мајка и икорисничка на ТикТок во својот видеозапис објавен на социјалната мрежа ТикТок, објаснува како го натерала нејзиниот син да готви уште од најрана возраст.

Лаура вели дека нејзиниот син почнала да го учина готвење веднаш штом успеал да следи едноставни наредби. Додава дека ги преземала сите мерки на претпазливост кога прв пат пристапила кон овој чекор. „Кога се толку мали, треба да направите соодветно опкружување, се’ да спремите во чинии и да користите садови и прибор кои детето може да ги држе во раце“, објаснува таа.

„Пред било кога да го допреше шпоретот, се уверив дека ја разбира опасноста која доаѓа со него. Направивме и пробни техники со вклучен шпоред и се уверив дека знае да ја допира рачката, а не садот. Ако го допираше садот, го пренасочувв.“ Лаура вели дека користила особено ниска температура и дека секогаш го надгледувала својот син.

На оригиналното видео во кое синот на Лаура спрема вечера за целото сем,ејство, многу коментари изразувале незадоволство поради тоа што шпоретот е опасен. „Многу опасно, не е ни кул, ни слатко“, вели еден од коментаторите. Друг напишал: „Па… не се сложувам, на таа возраст треба да си игра, дури и да си игра со готвење, а не да готви на вистински шпорет“.

„Ова е преопасно за мало дете“, вели друг загрижен гледач.

Меѓутоа, некои пак биле ипресионирани од кулинарските вештини на ова тригодишно дете. „Огледувате прекрасно момче кое ќе се претвори во најдобар кувар!“, вели еден охрабрувачки следбеник, „За сите оние кои осудуваат: пуштете ги децата да готват, затоа што тоа е навистина одлилна активност за когнитивен развој“.

Кои се користите ако го учите вашето дете да готви уште од рана возраст?

Преку готвењето, децата учат да бидат одговорни, учествуваат во важни активности и потоа уживаат во она што самите си го создале.

Зачувувањето на традицијата е, исто така, значајна причина за вклучување на децата во подготовка на храна, на пример, се покажуваат и се подготвуваат стари рецепти од нашите баби и мајки.

Со тоа што му се дава можност на детето да готви и да ги претвори состојките во вкусна храна, му се овозможува да направи вистински избор за она што го јаде. Децата треба да бидат вклучени во подготовката на храна од рана возраст, во зависност од нивната вештина и интерес.

Секако, внимавајте на алатките со кои му дозволувате на вашето дете да ракува и осигурете се дека во негова близина нема нешто со што би можело да се повреди.

Освен ова, готвењето со вашето дете може да биде одличен начин да поминете време заедно. Без разлика дали станува збор за подгоотвка на десерт, салати, предјадење, солено јадење… кога правите оброци во кујната со вашето дете, вие заеднички се вклучувате во активноста и заеднички придонесувате за исполнување на главната цел. Притоа, вкусувањето на овие рецепти ќе биде доста интересно за сите.

Важен совет:

Запаметете дека секогаш треба на детето да му давате пример дека по готвењето, треба да се исчисти нередот во кујната и сите состојки да се стават на соодветното место. Вие сте му најголемиот пример!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close