Кафе муабет

Се збогатија на наш грб, ми должат 500.000 евра- познатиот фолкер ќе го тyжи Саша Поповиќ и Гранд Продукција!

Дудиќ рече дека проблемот се обидува да го реши преку директорот на Гранд...

Пејачот Хасан Дудиќ  се нафрли на Саша Поповиќ, и истакна дека му е одземена исплатата на авторските права и правата за изведба од заработката од интернет платформата.

фото архива

Тој тврди дека „Гранд продукција“ му должи пари, како и на Миле Бас, кој е сопственик на „Јужен ветер“, а сумата е околу 500.000 евра.

Дудиќ рече дека проблемот се обидува да го реши преку директорот на Гранд, Горан Шљивиќ, но дека е сигурен дека зад проблемот со исплатата на пари стои Саша Поповиќ.

фото архива

-Шљивиќ е коректен човек, и во една прилика се договоривме, но неговата реализација и исплата на моите пари се уште не се случила, дури и ако поминаа повеќе од година и половина од нашиот разговор – рече тој, а откри и што Горан му рекол Шљивиќ.

фото архива

-Тогаш ми рече да донесам список со сите мои песни и дека ќе ми се исплати, а во иднина автоматски дел од таа заработка ќе добивам од моите хитови. Планирам повторно да одам на разговор за да видам што ќе се случи. Морам да бидам искрен, не можам да му замерам на Шљвиќ што не се реализираше договорот, сето тоа го направија Жика и Саша.

фото архива

-Откако се појави тој Јутјуб ме лишија од многу пари. Не сум стручњак, па не знам точно колку ми должат. Од кога почна тој интернет канал сите ми ги прикачуваат песните од кои заработуваат, а јас кога си го барам делот ме влечкаат. Значи, ми должат сигурно 500.000 евра, а верувам дека сега е уште повеќе – тврди Фолкерот за српски „Курир“.

Хасан се уште не знае дали ќе го тужи „Гранд“.

фото архива

– Не знам. Му верувам на Шљивиќ, за кого верувам дека е добар човек. Но, ако не ги добијам парите, ќе ги тужам Гранд и Миле Бас.

За потсетување, Хасан Дудиќ е поранешен сопруг на пејачката Злата Петровиќ. Тој минатата година беше итно хоспитализран поради коронавирусот но за среќа се заврши добро.

фото архива

Злата и Хасан го имаат синот Мики Дудиќ, кој исто така е многу успешен и тој е дел од естрадата, за разлика од неговиот полубрат Јован кого не го интересира јавниот живот.

Мики е клавијатурист и свири со бројни познати ѕвезди на настапите, а важи за еден од најдобрите во она што го работи.

Фото Инстаграм/принтскрин
foto .stars.rs/
фото ekskluziva.ba/

Талентиран е и за пеење, но тоа не го интересира иако неговиот татко Хасан повеќе пати зборуваше дека би сакал неговиот наследник да сними плоча и да тргне по стапките на неговите родители.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close