Кафе муабет

Што направи од човекот? Душко сподели фотографија, а сите ја „обвинија“ Карлеуша!

Жените масовно пишуваат дека му нема „рамен“ кога станува збор за облекувањето и стилот...

Фудбалерот Душко Тошиќ веќе некмое време е во центарот на вниманието а медиумите постојано пишуваа за неговата наводна афера, за развод со Јелена Карлеуша но се чини дека нема ништо од тоа бидејќи како што може да се забележи последниве неколку месеци Душко ги помина во Србија, а слободните денови ги користи за да ужива со сопругата и ќерките, со пријателите, но и да избега на чист воздух во природа.

фото инстаграм
foto instagram
foto instagram

Така, изминатите денови додека Јелена снимаше и го поминуваше своето слободно време со своите ќерки на базен, Душко уживаше надвор од Белград.

фото инстаграм

Поточно, фудбалерот помина извесно време на Космај, а бидејќи Јелена не беше со него, која секогаш го краде целото внимание, сега сите коментари се за тоа што носеше и како изгледа Душко.

Неговата фотографија е споделена на фан страниците на социјалните мрежи, а жените масовно пишуваат дека му нема „рамен“ кога станува збор за облекувањето и стилот.

Фото Инстаграм/ Dusko Tosic
Фото Инстаграм/ Dusko Tosic
Фото Инстаграм/ Dusko Tosic

„Овој човек не греши“, „Не знам како се облекуваше претходно, но сега може да држи лекции“, „Што  направи Јелена од човекот, модна икона“, „Ех, ако сите фудбалери се угледаа на него “,„ Јелена, сестро, секоја чест, не може да не знае како да се облече кога е со тебе “, се некои од коментарите.

Фото Инстаграм/ Dusko Tosic
Фото Инстаграм/ Dusko Tosic

 

Според она што може да се види од останатите фотографии на Инстаграм профилот на фудбалерот тој навистина има изградено свој стил, и речиси секогаш има моден погодок.

Според коментарите ко ги добива од женскиот пол слободно може да се каже дека тој е миленик кај жените, а на Јелена многумина и завидуваат за овој “полн пакет” маж со сите нишани.

Фото Инстаграм/ Dusko Tosic
Фото Инстаграм/ Dusko Tosic
Фото Инстаграм/ Dusko Tosic
Фото Инстаграм/ Dusko Tosic

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close