Дом и семејство

Приказна која ќе ве расплаче: Ја барам мајка ми која ме остави пред 44 години- апелот на Слаѓана која бара помош ги трогна сите!

Слаѓана се уште трага по мајка си

Животната приказна на 51 годишната Слаѓана Лончаревиќ од Широко Пољњ во Хрватска, ќе ве трогне.

 

Фото Фејсбук

 

Имено таа по повеќе од четири децении, решила со помош на социјалните мрежи да ја побара својата мајка која ја оставила кога Слаѓана имала само седум години.

Јања Мандиќ, мајката на Слаѓана заминала во Германија со нејзиниот татко кога таа била многу мала, а последен пат се јавила во семејството во 1976 година, или пред 44 години, кога Слаѓана започнала да оди на училиште, пишува Глас Славоније.

 

Фото Фејсбук/ Слаѓана

 

Слаѓана одраснала кај нејзината баба, мајката на нејзината мајка, Мара Мандиќ, која беше баба и родител на Слаѓана, но откако почина во јануари, Слаѓана се осмелила да побара помош за да ја пронајде својата мајка.

 

„Ова е мојот прв јавен обид да ја пронајдам мајка ми по 44 години затоа што баба ми беше против тоа, таа ми велеше:

„ Ако не те бара таа, зошто би ја барала ти неа? “ Сакам да ја пронајдам мајка ми или да ја дознаам вистината за неа, каква и да е.

 

 

Слаѓана која е родена на 13 октомври 1969 година во Осиек била оставена од нејзините родители,  Јосип и Јања Никшиќ кои заминале во Германија, а таа им била доверена на грижата за нејзините баба и дедо. По некое време родителите на Слаѓана се разведуваат во Германија и секој оди по својот пат.

“По разводот, таткото заминал во Франција, каде се оженил по втор пат и добил син и ќерка Алекс и Сандра со друга жена.

 

 

Бев во контакт со татко ми пред повеќе од десет години и повеќе. Не сакав поради контакт со мене  тој да има проблеми со сегашната сопруга “, вели Слаѓана, додавајќи дека нејзината мајка се јавувала во првите години, и праќала писма и пакетчиња, но одеднаш сето тоа запрело откако Слаѓана започна со прво одделение.

“Слушнав дека мајка ми била еднаш кај нас, но не се сеќавам на таа средба со неа. Слушнав дека таа била со друг маж и дека дедо ми и рекол повеќе да не се појавува бидејќи тој и баба ми ќе се грижат за мене.

Баба Мара ми беше сè, мојот ангел на земјата. Еднаш ми рече дека мајка ми и тие се обиделе да ја побараат, но, јас немам ниту една фотографија со мајка ми, само црно-бела слика од мене во јакна и чизми што таа ми ги купила. Со нас на фотографијата е и мојата тетка, вели Слаѓана која е мајка на 30-годишен син и 28- годишна ќерка.

 

фото Фејсбук

Се надевала дека ќе ја пронајде мајка си, се додека не добила свои деца

 

“Јас имав надеж и размислував за средба со мајка ми се додека не ги добив моите деца.

Помислив: кога сè уште не ми се јавила, нема ни да се јави. Се посветив на своите деца, на сопругот, на моето семејство, размислувањњето за мајка ми беше потиснато од други приоритети во животот, но неодамна повторно почна да ме копка.

 

Фото Фејсбук/ Слаѓана

 

Видов на социјалните мрежи жена на моја возраст како ја бара својата мајка. Мислев дека не сум го пробала тоа порано, па се обидов со Фејсбук “.

За жал, во меѓувреме, по тешко боледување, Слаѓана го загубила и сопругот.

„Сега кога ја повикав јавноста да ми помогне со какви било информации за мајка ми, подготвена сум на сè. Има секакви коментари, има луѓе кои пишуваат дека никогаш не би ја барале да се на мое место затоа што таа не ме бара мене, а таа знае каде останав. Сепак мислам дека можеби има причина зошто таа не се појавила до сега. Неможам да помислам дека, баба ми, која беше прекрасна личност, би можела да роди некој толку безобразен “.

 

Фото Фејсбук/ Слаѓана

 

На крајот, таа мисли дека нејзината мајка, ако е жива, може да има и добри причини поради кои не се јавила се до денес.

“Можеби после толку години, мајка ми сега се срами да ми се јави. Можеби е некаде болна и беспомошна, зависна од туѓа помош. Ако денес има својот живот, јас ја почитувам, не очекувам ништо затоа што поминаа толку години, само сакам да ја знам вистината, изјави таа за  Глас Славоније.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close