Кафе муабет

АНТОНИА ГИГОВСКА ГО ПОКАЖА ТРУДНИЧКОТО СТОМАЧЕ – Позираше во сатенска кошула за Инстаграм фановите

Пејачката го покажа трудничкото стомаче...

 

Неодамна во јавноста одекна веста дека пејачката Антониа Гиговска го кажа своето судбоносно ,,да’’, а воедно таа сподели и дека е бремена.

фото инстаграм/Антонија Гиговска

,,Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас.

Малечко мое, отсега секој мој роденден ќе го славиме заедно.’’ – напиша Гиговска под фотографиите кои ги објави на Инстаграм.

,,Прстенот го бирал сам. Умирам од среќа, си славам роденден, бебче, прстен,сееее’’ – додаде пејачката очигледно возбудена за сите настани кои и’ се случуваат.

На фотографиите можеме да видиме среќен дечко кој позира со тестот за бременост во уста.

Имено, станува збор за новиот избраник на Антониа, младиот музичар Роберт Спасенцовски.

Инаку Роберт познат под прекарот Џокер, е дел од нејзниот бенд, и периодот наназад често објавуваа заеднички видеа на Инстаграм.

Дотерана, во сатенска кошула, со раголено стомаче – Гиговска снимаше видео на Инстаграм стори за нејзините фанови.

Насмеана, таа си го галеше и го покажа трудничкото стомаче.

Додека пак, нејзиниот вереник Роберт Спасенцовски се сликаше во кафеана со пејачот Огнен Здравковски.

На фотографијата се гледа собрано друштво кое во кафана гледа фудбалски натпревар.

Фотографијата ја објави Огнен.

Инаку, покрај бременоста и запросувањето она кое одекна во јавноста е и новата песна на Антониа и Пајак – ,,Хабиби’’.

Песната стана доста актуелна и слушана, а на социјалната мрежа Тик Ток најверните фанови снимаат и видеа со неа.

По повод популарноста која ја достигна песната Гиговска се обрати на својот Инстаграм профил:

 

,,Тооо. Искрено не очекувавме дека Хабиби ќе направи бум, и сме пресреќни. А кога веќе сме кај песни и музика, мислам дека ќе ве изненадам со она што следно доаѓа од мене – Немаме уште ништо финално, но идејата и замислата се тука, тоа е најважно – напиша Гиговска на Инстаграм.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close