Кафе муабет

Луна и Марко ја покажаа детската соба на нивната ќерка- сите гледаат во овој детаљ

Наскоро ќе се вселат во новиот стан...

Марко Миљковиќ и Луна Џогани интензивно го опремуваат новиот стан на Бежанијска коса, кој неодамна го купија.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

Тие се грижат за секој детал пред да се вселат во новиот дом со нивната ќерка Миа, на која и ја опремуваат и детската соба.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
фото принтскрин/Јутјуб

Имено, тие во својот нов клип покажаа дека се при крај со подготовките за вселувањето, а сега на барање на нивните обожаватели покажаа како изгледа детско катче за нивната наследничка.

фото принтскрин/Јутјуб

Гордите родители се погрижија за секој детал кога е во прашање просторот за нивната миленичка.

фото Инстаграм/Луна Џогани

Марко во своето видео покажа како изгледа детското катче, но во собата се уште нема меебел и останатите потребни работи за малата Миа.

Поставен е тапет, а гордиот татко целиот процес го сподели со фановите.

фото принтскрин

– Искрено сум презадоволен, ова е како некој да црта и слика, навистина убаво изгледа, навистина е убаво. Сè е милиметарски точно, како да го нацртал некој опасен сликар… – вели Марко во видеото, а откако ја ставиле тапетата во станот, пристигнале Миа и Луна.

фото принтскрин

– Леле, колку е убаво. Навистина е прекрасно – рекла Џогани, а потоа во станот им се придружил и таткото на Луна, Гаги Џогани, кој исто така бил воодушевен од станот и тапетите.

фото принтскрин

-Имаме причина за славење, купивме стан! Да не биде после џа бу, дел плативме во кеш, дел беше од кредит. Значи, кредит е во прашање, да не биде после овој купи оној купи,  самите го купивме станот и ќе уживаме кога зградата ќе биде вселива. Имате ексклузивна можност да го видите станот, како ќе изгледа, распоредот на собата. Мислам дека е при крај – изјави претходно Марко.

фото Инстаграм/Луна Џогани
фото инстаграм/Луна Џогани

Станаа најплатените Јутјубери!

Луна Џогани и Марко Миљковиќ слободно можат да кажат дека оваа година ги одбележа нивните животи.

фото принтскрин

Имено покрај тоа што парот годинава ја доби ќерката Миа, сега тие се пофалија со својот голем успех. Имено за кратко време тие успеаа да станат најплатените Јутјубери на српската сцена и во 2021 година заработиле дури 50.000 евра од нивниот заеднички канал на YouTube.
Парот го отвори својот канал на почетокот на август 2020 година и досега има 51 милион прегледи на него, со што остави зад себе многу други инфлуенсери кои имаа канали на оваа платформа многу подолго од нив. За овој успех неодамна им честитаа бројни фанови, а добија и плакета од самиот Јутјуб за првите 100.000 следбеници.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

Како што е познато, заработката од YouTube е во просек околу 800 до 1.000 евра за милион прегледи, па со едноставна пресметка се доаѓа до бројката од приближно 50.000 евра, кои ги заработија годинава, што автоматски ги рангираше на самиот врв по однос на заработката во овој регион.

фото принтскрин

Самиот Марко пред неколку недели во изјава за Курир изјави дека заработува од оваа социјална мрежа.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

– Заработувам колку и секоја друга работа. Колку понапорно работите, толку повеќе заработувате. Заработката на YouTube зависи од многу фактори – од прегледите, но и од возраста на оние кои ве гледаат. На пример, ако те гледа помлада популација, ќе заработиш помалку отколку ако те гледа постара популација, – рече Марко и објасни дека YouTube има свој алгоритам кој ги препознава карактеристиките на оние кои го гледаат каналот и дали тоа лице купува онлајн.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

– Алгоритмот препознава се и врз основа на тоа ви дава помала или поголема плата, а платите за, на пример, милион прегледи се движат од 200 до 2.000 евра месечно. Тоа зависи и од месецот во годината. На пример, прегледите се плаќаат повеќе на крајот на годината отколку, на пример, во јануари или февруари. Покрај прегледите, луѓето заработуваат и преку спонзорства, а заработката од тоа може да се фиксира или регулира на друг начин, како што е веќе дефинирано во договорот – рече тогаш Марко.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
фото принтскрин

– Гледам дека во Србија има луѓе кои добро заработуваат од тоа. Тоа се гледа на нивните канали и по тоа што купуваат, каде патуваат, што прават… – заврши Миљковиќ.
Парот заработи 5.000 евра за еден ден од едно видео на Јутјуб каде ја претставија својата ќерка Миа, пишува српски Курир.

фото инстаграм/Луна Џогани

Фановите го следат секој чекор на Луна и Марко, и на Инстаграм и на другите социјални мрежи. Тие двајца се повеќе го развиваат својот канал на Јутјуб, на кој објавуваа клипови од секојдневниот живот речиси секој ден во последните месеци, а особено беа активни за време на бременоста на Луна. Така, можевме да видиме и да откриеме што сака да прави Џогани во текот на денот, што готви, која е омилената храна на Марко и многу повеќе.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

По раѓањето на нивната ќерка, тие направија кратка пауза и не снимаа нови видеа бидејќи сакаа да се посветат на својата сакана. Првиот клип после долго време беше оној во кој ја претставија Мија, а тоа, очекувано, предизвика големо внимание. За само еден ден, тоа видео беше прегледано дури 500.000 пати, што е повеќе од добро. Според проценките на страницата Jutjuber.me, само за тој клип, тие двајца заработиле 5.000 евра за еден ден.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Покрај тоа, тие објавија и други клипови, како оној во кој покажаа како изгледа нивниот нов стан, од кој заработија и приближно слична сума пари, а многу гледаната снимка беше и онаа што покажува како пазарат во неделите.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close