Бременост

Анастасија го покажа трудничкото стомаче: Наследничката на Цеца сподели фотографија и ги воодушеви сите- ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ВО ЧЕТВРТИОТ МЕСЕЦ ОД БРЕМЕНОСТА!

Ужива во бременоста...

Oткако вчера во јавноста се појави веста дека Анастасија Ражнатовиќ е бремена и со својот избраник, фудбалерот на Севиља, Немања Гудељ го очекуваат своето прво дете пејачката сега на својот Инстаграм објави и прва фотографија од бременото стомаче.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Имено на фотографијата таа е со својот избраник Немања, а двајцата ги имаат ставено рацете на стомакот.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Анастасија и Немања Гудељ наскоро ќе станат родители, а двајцата не ја кријат среќата поради тоа.

фото инстаграм/Немања Гудељ

– Љубов наша, едвај те чекаме – напиша Анастасија Ражнатовиќ во објава на Инстаграм, каде што за прв пат го покажа и своето бремено стомаче а со оглед на тоа што стави емотикони со женско детенце, таа откри дека очекуваат ќеркичка.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Инаку, Анастасија веќе извесно време престојува во Шпанија, каде што ужива со својот избраник.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Колку популарниот пар се сака и колку е сериозна оваа врска, говори и податокот дека двајцата за неколку месеци ќе станат родители.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Пејачката е многу активна на Инстаграм, па често споделува фотографии од Шпанија, како и од натпреварите на кои го следи своето момче, така и одредени моменти од нивниот приватен живот, кои секој пат воодушевуваат и предизвикуваат лавина коментари.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close