Кафе муабет

Сузана Турунџиева : ЖИВЕАМ ПОД КИРИЈА, МОИТЕ ДЕЦА НЕ ДОБИВАА НИТУ АЛИМЕНТАЦИЈА –Морав сама да ги засукам ракавите

Турунџиева: Уште живеам под кирија...

 

Сузана Турунџиева е родена во Битола, на 9 март 1969, како второ дете во семејство на просветни работници. Уште од шестгодишна возраст го изучува пијаното, а на дванаесет години сама, без знаење на своите родители, со своите заштедени пари си купува гитара, на која сама почнува да учи да свири. Во 1984 година се запишува во средно музичко училиште во Битола на отсек соло пеење.

Фото: Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Во 1987 година се запишува на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Освен музиката таа е писателка која во своите зрели години објави 10 книги.

Фото: Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Таа е позната по својата харизма и добрина, а во последно време е доста активна и на социјалните мрежи каде секојдневно објавува по нешто.

Фото: Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Најголемата болка за неа беше смртта на нејзиниот сопруг Маријан. Водителката скршена од болка тогаш сама ја соопшти yжасната вecт.

Фото: Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Во најновото интервју за Слободен печат Турунџиева емотивно и искрено говори за нејзиниот живот, починатиот сопруг и свекрва, децата и работата.

Фото:Инстаграм/Сузана Турунџиева

 ,,Беше еден срдечен човек со насмеани очи, ведар, комуникативен и педантен до лудило, со посебна ѕвезда и харизма. Човек со многу пријатели, вистински човекољубец, со огромна смисла за хумор, желен за дружење и свесно на располагање им беше за сѐ, на сите”.

Фото:Инстаграм/Сузана Турунџиева

,,Тој беше еден срдечен човек со насмеани очи, ведар, комуникативен и педантен до лудило, со посебна ѕвезда и харизма. Човек со многу пријатели, вистински човекољубец, со огромна смисла за хумор, желен за дружење и свесно на располагање им беше за сѐ, на сите. Неретко и по сопствена штета’’ – емотивно за Слободен печат раскажува Турунџиева за нејзиниот покоен сопруг.

Фото: Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Сузе е актуелна на социјалните мрежи, а посебно со нејзиното хоби. Имено, таа рачно црта на камчиња со посвета.

За нејзиното хоби таа открива дека има подолга историја.

Фото:Инстаграм/Сузана Турунџиева

,,Можноста да патувам низ разни земји ми даде прилика да видам колку луѓето што живеат на море прават ремек-дела, уметнички креации, сувенири и подароци од камен и ме инспирираше и мене да се осмелам да се изразам на јазикот што го „говорат“ камењата и сум многу благодарна затоа што фантазијата ми се вклучи на најјако веднаш кога ја направив првата персонализирана приказна’’, раскажа Сузе.

Фото: Инстаграм/ Сузана Турунџиева

За животот како самохран родител, за децата и егзистенцијата, Сузе во интервјуто открива дека се’ уште живее како потстанар и не се срами од тоа.

Фото: Инстаграм/ Сузана Турунџиева

,,Заработувам чесно и работам напорно, иако (да не се лажеме) сите знаеме колку можеш да заработиш како еднородителско семејство. Немам никакви други приходи, освен плата. Моите деца, поради нефункционалноста на институциите во нашата земја (за жал) не добиваа ниту алиментација (Лора), ниту пензија (Матеа). Морав сама да ги засукам ракавите… Но, јас дадов сѐ од себе за да ги пораснам, најубаво да ги облечам, а богами и да ги прошетам, а да не им ускратам ништо’’, искрено и емотивно раскажува за Слободен печат Турунџиева.

Фото:Инстаграм/Сузана Турунџиева

Фото: Инстаграм/ Сузана Турунџиева

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close