Кафе муабет

МЕДИЦИНСКО ЧУДО: Пацент со каnцер заболел од Ковид-19, кога целосно се опоравил од корона се повлекол и раkот!

Ковид може да предизвика исчезнување на туморот кај пациент со карцином, а лекарите велат дека тоа може да предизвика „антитуморен имунолошки одговор“ кај човекот...

Лекарите сметаат дека Ковид-19 активирал антитуморен имунолошки одговор, но нагласуваат дека тоа може да биде случајност.

фото илустрација

Ковид може да предизвика исчезнување на туморот кај пациент со карцином, а лекарите велат дека тоа може да предизвика „антитуморен имунолошки одговор“ кај човекот, пишува Телеграф.

Таков е примерот со 61-годишен пациент во болницата Ројал Корнвол во Трур, Велика Британија, дојде на преглед минатото лето, откако беше дијагностициран со Хогкинов лимфом, редок карцином на крв od кој заболуваaт 2.100 луѓе во Велика Британија секоја година.

фото илустрацја

Болеста, која се јавува кога белите крвни клетки излегуваат од контрола и се шират на лимфните јазли, обично се третира со хемотерапија, а околу 90 проценти од пациентите се уште се живи пет години после тоа.

Неколку дена откако му беше кажано дека градите му се зафатени со тумор, и пред да започне лекувањето, мажот беше примен во болница затоа што имал компликации од ковд. По целосно закрепнување од ковид, тој бил прегледан и откриено е дека ра*от скоро целосно исчезнал.

фото илустрација

Ненадејна ремисија во Хогкиновиот лимфом е можна, но е исклучително ретка. Само неколку десетици слични случаи се пријавени ширум светот.

Овој случај е опишан во британскиот весник за хематологија.

Д-р Сара Чалонер од болницата Ројал Корнвол рече: „Сметаме дека ковид-19 предизвика антитуморен имунолошки одговор“.

фото илустрација

Д-р Чалонер додаде дека медицинскиот тим верува дека Т-клетките, кои се борат против инфекциите во телото, исто така можат да ги нападнат клетките на ракот и да доведат до ремисија.

Сепак, други доктори предупредија дека заклучоците за причината за закрепнување не треба да се прават прерано.

Мартин Ледвик, портпарол на истражувањето на ра*от во Велика Британија, вели:

фото илустрација

„Во оваа фаза е рано да се извлечат заклучоци од овие случаи – сосема е можно да се работи за случајност.

Секој што е подложен на третман на рак, треба да продолжи да ги следи советите на своите лекари, како и да се заштити од инфекција со ковид-19 и ги охрабруваме сите што можат да се вакцинираат. ‘

Извештај во италијанското медицинско списание „Акта биомедика“, објавен минатата година, опишува сличен случај во болницата Кремона во Италија.

Извор Јутарњи лист

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close