Дом и семејство

Има 10 бањи, гардеробер, сауна: Ѕирнете во луксузната вила на Карлеуша за која искешираа 2,5 милиони евра- овој детал ќе ве расплаче

Посвети место на својата мајка...

Јелена Карлеуша живее во луксузна вила на Дедиње, која била подарок од нејзиниот сопруг Душко Тошиќ а пејачката ја реновирала по свој вкус, па сега изгледа како домовите на холивудските ѕвезди.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

 

Вилата претходно му припаѓала на Драган Стојковиќ Пикси, од кого ја купиле во 2018 година, а за неа искеширале 2,5 милиони евра.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

– Куќата е огромна и секој има свој кат. Неодамна избројав дека имаме десет бањи затоа што не влегувам во повеќето од нив. Мојата оаза е специјално дизајниран гардеробер од 250 квадрати во која има и сауна, бања, простор за одмор, перална, апартман за вработени. Според моите желби и дизајни, направив дел кој ми е важен и за работа и за лично задоволство.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

– Просторот има соодветна светлина, огледала, паметно и функционално дизајнирано складиште за моите петстотини пара чевли, чанти, гардероба… Со цел луѓето да разберат колку е сериозно тешко да се има организирана гардероба со ваква големина и капацитет, ќе кажам дека една жена работи само како гардероберка.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

– Мора да знае што каде стои, мора да прави разлика меѓу брендови, годишни времиња и винтиџ предмети со посебна вредност. Јас сум голем колекционер на парчиња од висока мода и дизајнери, а бидејќи сето тоа го собирам речиси триесет години, јасно е дека ова е сериозна колекција што ми значи“, изјави во една прилика пејачката.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

ЈК не објавува толку често детали од куќата, но неодамна покажа еден детал од дневната соба и сите веднаш го забележаа клавирот на кој стои фотографија од нејзината покојна мајка Дивна.
Јелена Карлеуша долги години е присутна на јавната сцена и во една прилика истакна дека не сака многу да излегува.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Таа претпочита да го поминува своето време во својот дом, што го уредила по нејзин вкус. Кога времето е убаво, пејачката ужива да биде во семејниот простран двор, кој е опкружен со дрвја.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Луксузниот имот има два базени, затворен и надворешен, и огромен двор.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Тој има целосна приватност, па затоа често Карлеуша позира во провокативни изданија.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Секој во куќата има свое катче, особено ќерките Ника и Атина, кои имаат соби со посебна бања и тераса.
Јелена во една прилика раскажа и како функционира во заеднички простор со сопругот Душко.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

-Посебни бањи и тоалети, колку што е можно повеќе да се одделите од брачниот другар, така што тогаш ќе започнете да си недостгате. Одделни паричници и што е најважно, како глазура на тортата – љубов – рече Јелена во една прилика во „Ексклузив“.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Инаку минатата година во медиумите главна тема беше разводот на пејачката со поранешниот фудбалер, таа истакна дека се уште не се разведени и дека живеат под ист покрив а во последниот период не се огласува многу на таа тема како што еднаш кажа бидејќи се плаши од адвокатот на Душко.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
фото инстаграм/Јелена Карлеуша
фото инстаграм/Јелена Карлеуша
фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
фото инстаграм/Јелена Карлеуша
фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
фото инстаграм/Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close