Дом и семејство

Геј пар посвои девојче со ХИВ кое претходно го одбија десет семејства

Девојчињата Викторија и Оливија добиваат безусловна љубов од Дамиан и Ариел

Успешен брак и семејство се засноваат со љубов, почит и внимание, тврди овој геј пар.

Оваа приказна доаѓа од Аргентина а се работи за геј парот Дамиан Пигини (42) и Ариел Вијари (39).

Тие воедно се и првиот геј пар кој се венчал во североисточна Аргентина, поточно во провинцијата Санта Фе, каде продолжија да живеат.

Имено тие во 2011 година решиле да го прошират своето семејство и да посвојат дете.

Парот како дел од невладината организација наречена „Акунар фамилиас“, која помага да се посвојат несакани деца.

Дамиан и Ариел решија да ја посвојат својата прва ќерка Оливија, која немала ни полн месец а била одбиена од дури 10 семејства бидејќи била родена со ХИВ.

 

Три месеци го чекаа овој повик

Децата родени со овој вирус се претпоставува дека живеат до 10 години, но со напредувањето на технологијата и истражувањата, денес овие деца можат да живеат неколку децении, па дури и колку луѓето кои не се заразени. Ова не значи дека вирусот ќе се пренесе на други.

„Само што ја видов, почувствував дека таа е дел од мојот живот. Се поврзавме веднаш. Ја држевме во раце, и дадовме шишенце, а таа нè погледна со широко отворени очи и не плачеше “, вели Ариел.

 

За среќа, бебето наскоро започна да прима терапија и да покажува позитивни резултати. Веднаш почна да качува на килажа, допоплнува Ариел.

Пред неколку години, родителите добија добра вест – тестовите покажаа дека вирусот повеќе не може да се открие во телото на малата Оливија!

 

Девојчето сега кога има пет години,и не покажува знаци на болест. Иако сè уште нема лек за ХИВ, терапијата може значително да ја намали количината на вирус во организмот до тој степен што дури не може да се открие во крвта. Со тоа  девојчето повеќе нема да мора да страда од негативните ефекти на вирусот, ниту пак може да го пренесе на некој друг.

Во 2015 година посвоија уште едно девојче

 

По неколку години Дамиан и Ариел решиле да посвојат уште едно девојче. Семејството наскоро ја пречека и малата Викторија, која дојде кај нив на барање на нивната мајка која слушнала за овој геј пар и самата побарала од нив да го посвојат нејзиното девојче.

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close