Новости

ЕВЕ КОГА ЌЕ БИДЕ ДОСТАПЕН “ЗДРАВСТВЕНИОТ ПАСОШ”: Со него ќе може да се патува во земјите членки на ЕУ- ќе содржи важни податоци за патниците!

Од 15 јуни ќе биде достапен здравствениот пасош...

Европскиот комесар задолжен за вакцини Тиери Бретон денес објави дека првиот европски „здравствен пасош“ ќе биде достапен од 15 јуни, а до средината на јули Европа ќе има „капацитет за колективен имунитет“.

фото профимедиа

Новиот здравствен сертификат треба да биде достапен „во рок од два до три месеци“ во дигитален и хартиен формат, и ќе важи во сите 27 земји-членки на ЕУ, рече Бретон за француското радио РТЛ и ТВ-каналот LCI.

„Од моментот кога ќе бидеме сигурни дека секој Европеец што сака да се вакцинира ќе има фер пристап до вакцината, како што ќе биде случај во следните два до три месеци – добро ќе биде да имате здравствен сертификат што ја потврдува вашата состојба“, – рече Бретон.

фото курир.мк

Сертификатот или пасошот, како што го нарекуваат многумина, ќе содржи информации за државјанството, видот на вакцината и антителата.

„Документот ќе ги содржи вашето име, презиме, датум на раѓање, државјанство, број на пасош проверен со QR-код, дали сте вакцинирани или не, видот на вакцината и дали сте биле заболени со вирусот“, рече Бретон.

Имплементацијата на здравствениот документ за патување е планирана за јуни и со тоа ќе се овозможи патувањето да продолжи низ цела Европа, додаде тој.

foto ilustracija

Бретон рече дека постои можност документот, иако не е задолжителен, да биде неопходен за патување со авион, учество на важен настан или влегување на одредено јавно место.

Во отсуство на тој документ, додаде тој, ќе биде неопходен негативен тест за вирусот корона.

Европскиот комесар вели дека забрзувањето на испораката на вакцини ќе и овозможи на Европа да ја види „светлината на крајот од тунелот“, и покрај третиот бран на епидемијата на вирусот корона што се шири во Европа.

„Сега имаме 52 фабрики во Европа кои работат 24 часа на ден, седум дена во неделата за производство на вакцини против коронавирусот“, рече Бретон.

Тој повтори дека ЕУ треба да прими 420 милиони дози вакцина против ковид 19 до средината на јули, што е доволно за да се овозможи колективен имунитет, објави Ројтерс.

Фото Илустрација

„Ова ќе биде цената на туристичката сезона, што се надевам дека ќе биде споредлива со минатата година, што на крајот не беше толку лоша со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме“, истакна Бретон.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close