Кафе муабет

Дара Бубамара започнува нов бизнис: Пејачката вложува 500.000 евра, се надева на добра заработка!

Ќе гради луксузна вила...

Дара Бубамара гради куќа во Фрушка Гора! Фолк ѕвездата реши да инвестира 500.000 евра во недвижен имот, кој планира да го изгради во Ириг.

фото инстаграм/Дара Бубамара

Како што дознава Информер, пејачката купила парцела од 50 ари каде ќе гради вила со базен, но таму нема да живее, туку ќе ја издава!

фото инстаграм/Дара Бубамара

– Дара пред неколку години купи плац на падините на Фрушка Гора. Долго време не знаела што да прави со него, додека нејзиниот поранешен сопруг Милан Кесиќ не ја советувал целата заштеда да ја вложи во изградба на вила со базен и да ја изнајми! Таа го послуша и ќе почне да гради кон крајот на летото. Ми рече дека сака се да пука од луксуз! Сето тоа ќе ја чини 500.000 евра и планот е се да биде завршено веќе напролет – вели пријателката на Дара.

фото инстаграм/Дара Бубамара

-Куќата ќе има 400 квадрати! На приземјето ќе има две големи соби за прослави, а на спратот осум спални соби и четири бањи. Секоја соба ќе има пристап до голема тераса, со поглед на Фрушка Гора. Во дворот ќе има гаража, како и куќа за помошниците кои ќе можат таму да преноќат – вели пријателката на пејачката, додавајќи дека Бубамара нема да живее во таа куќа, бидејќи веќе има станови во Нови Сад и Белград.

фото инстаграм/Дара Бубамара

– Дара ми кажа дека не планира да живее во вилата, туку ќе ја издава на ден или подолго, за разни прослави, снимање… И нема да го запостави пеењето поради новиот бизнис, туку сака да има дополнителни приходи. Секако, нејзините колеги и пријатели секогаш ќе имаат попуст.

фото инстаграм/Дара Бубамара

– Базенот ќе биде голем, ќе има и грејачи, па гостите ќе можат да пливаат и во зима. Дара сака да плива, па кога нема да ја издава куќата, редовно ќе оди на својот базен. Ни кажа дека едвај чека се да заврши, за да може да се сонча топлес бидејќи ќе има огромна ограда, па папараците нема да можат да ја фатат – ја завршува приказната пријателката на Дара.

фото инстаграм/Дара Бубамара
фото инстаграм/Дара Бубамара
фото инстаграм/Дара Бубамара

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close