Кафе муабет

Синот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов го откри името на наследникот: Дедото пресреќен поради одлуката

Го носи името на дедо му...

Пред неколку дена во семејството Иванови имаше голема причина за славење. Имено синот на поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов се оствари во улога на татко.

фото Фејсбик/Иван Иванов

Убавите вести ги сподели на социјалните мрежи а честитките само се редеа.

фото Фејсбик/Иван Иванов

Инаку Иван и неговата сопруга Јана судбоносното Да го кажаа минатиот месец а на фотографиите кои беа објавени се гледа и слаткото бремено стомаче на новопечената мајка.

фото Фејсбик/Иван Иванов

Вчера на својата инстаграм приказна музичарот Владимир Четкар сподели фотографија со среќните татко и дедо па го откри и името на наследникот.

фото Фејсбик/Иван Иванов

Ѓорѓи Јуниор Иванов е името на бебето, кое е во чест на неговиот дедо кој сигурно е многу горд на ваквата одлука на младите.


Иван во октомври откри дека е вљубен и дека ја побарал долгогодишната девојка за жена, па во интервју за „Бекстејџ“ откри со што таа го освоила.

фото Фејсбик/Иван Иванов

– Шармот, насмевката, нивото на промислување на работите околу себе, интелигенција, убавина, но пред сè она што таа беше таа што е изјави тој.

фото принтскрин

Иако Иван планираше да направат голема традиционална свадба, се чини дека ги забрзаа работите и се решија за мала свадба со најблиските.

фото принтскрин

Инаку она што малкумина го знаат за него е дека тој има и свој бенд и дека е голем љубител на музиката.
Иван откри дека штом помине пандемијата планираат да направат голема традиционална свадба.

фото Фејсбик/Иван Иванов

– Сум растел со дедо, со баби, што едноставно ми го всадиле тоа и едноставно тоа не прави она што сме и не се срамам на нашата македонска традиција и сакам да го испочитувам тој дел, но секако ќе имаме и забавен дел каде ќе имаме и модерен сегмент.

фото Фејсбик/Иван Иванов
фото Фејсбик/Иван Иванов
фото Фејсбик/Иван Иванов

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close