Кафе муабет

Трогателен текст што го потресе Балканот – храброто девојче ИЗБЕГАЛО од убиецот за да го спаси помалото братче

Не е вистина дека момчето било од добро семејство и одличен ученик, вели во својот текст учителката Верица

Професорката Верица Ракоњац Павловиќ на социјалните мрежите објави текст за љубовта на сестрата кон братот, а се однесува на пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Кажете им на вашите деца за ова мало девојче кое само љубовта и даде сила да побегне и да го спаси својот помал брат, во моментот кога нејзиниот живот беше најзагрозен, вели оваа учителката во својот текст.

Никој не може да остане рамнодушен на невидена трагедија што деновите се случи во Србија. Една од нив е српската професорка Верица Ракоњац Павловиќ, која напиша потресен текст за девојка од Врачар, населбата во која што се случи масакрот, и која побегнала од убиецот и отишла да го спаси својот брат. Текстот за „девојката што знае да сака“ од ОУ „Владислав Рибникар“ и која го ризикувала животот за да го спаси животот на својот брат, таа го опиша како апел да се зборува и пишува повеќе за вакви работи. Тешките зборови ги потресоа читателите, па ви ги пренесуваме во целост.

Фотографии од погребот на убиените (фото: принтскрин/ Твитер)

„Љубовта на сестрата кон нејзиниот брат!

„Велат дека момчето – убиецот е од добро семејство и дека бил одличен ученик… Ниту е од добро семејство, ниту е одличен ученик, иако ги добил сите петки. Добро семејство е единствено она во кое има љубов меѓу членовите на семејството и кон другите луѓе, а сите други семејства, за жал, се горе-долу лоши и тоа влијае на психата на секое дете и не може да се надомести со ништо. Одличен ученик не е оној кој ги добива сите петки, туку оној кој е разумен, поразумен од другите деца.

На спротивната страна на ова дете кое не сака никого, (за жал честа појава кај децата и возрасните во денешното време на отуѓување), стои девојче кое со неверојатна смиреност успеа да се спаси, да избега од училницата… Воодушевена сум од нејзината храброст да се помести од местото пред убиецот кој пука на сите страни, а камоли да трча од четвртата клупа до вратата и да истрча од училницата… Таа училница се наоѓа на приземје , недалеку од излезот од школото…кога веќе беше толку прибрана и храбра да истрча од училница, по сечија логика би било да се спаси и да трча кон излезот од зградата по најкраткиот пат… да побара помош на улица или кон канцеларијата на директорот и наставникот… Сето ова се наоѓа во близина на кабинетот по историја, десно долу по ходникот, веднаш зад аголот… Но не… Таа не трчаше кон излезот од училиштето до кој ќе стигнеше многу брзо… Истрча лево, во спротивна насока, кон друг ходник, кон комплициран премин со тешка стаклена врата што требаше да се отвори. Со многубројни скали, по кои убиецот лесно можел да стигне до неа доколку ја следел… Трчала по многу долг празен ходник, кој ги поврзува двете згради на ова училиште… Истрчала во спротивна насока од излезот на училиштето за да дотрча до другата зграда каде се сместени пониските класови на ученици…

И тука е нејзиниот помал брат. Колкава ли љубов ја носеше што кога истрча од училницата не истрча кон излезот туку истрча право во училницата на нејзиниот помал брат… да каже на учителката да ја заклучи училницата и да ги скрие децата… Тоа мало девојче не постапила како што би постапила повеќето луѓе чиј живот е во голема опасност… да се спасат и да истрчаат од зградата што е можно поскоро… Трчала низ долги комплицирани ходници и скали до другата зграда (која воопшто не е блиску) да го спаси братчето…

Чуварот што беше убиен во училиштето

Тоа е љубов. Ова е дете од добро семејство кое го научило да сака… Иако нејзиниот живот бил во опасност, иако била во шок и била сведок на страшна трагедија во својата училница, сепак имала свест и сила да трча да спаси нејзиниот помлад брат, и не само себе.

Кажете им на вашите деца за ова мало девојче на кое само љубовта и даде сила да побегне и да го спаси својот помал брат, во моментот кога нејзиниот живот беше најзагрозен.

Сите деца доживеаја голема тага и болка… само со примери на благородна љубов можеме да ги залечиме нивните рани… и нашите.

Фото: принтскрин/ Твитер

Нека спијат во мир нашите мали ангелчиња што ги нема. Да ги спасиме децата што преживеаја.

Не кажувајте дека момчето убиец бил одличен ученик, дека бил генијалец, дека потекнувал од добро семејство… Ништо од тоа не е точно.

Ова мало девојче кое истрча да го спаси својот помал брат, кога животот и беше најзагрозен, е пример, за пофалба, за орден, за љубов кон друго битие, за хуманост, благородност, храброст, која вреди повеќе од секоја оценка и одличен успех и секаков успех во животот и кариерата“.

Верица Ракоњац Павловиќ

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close