Кафе муабет

БЕШЕ НАЈПОЗНАТИОТ МОДЕН КРЕАТОР ВО ЈУГОСЛАВИЈА: По*ина креаторот кој ги облекуваше познатите дами, Јованка Броз, Милена Дравиќ- одби соработка со Диор!

Него го обожаваа многу јавни личности...

Вчера на 87 годипна возраст, овој свет го напушти најбараниот и најпознатиот моден креатор кој дизарнираше уникатни модни парчиња за многу познати личности во СФРЈ.

фото жена.блиц.рс

Александар Јоксимовиќ, по*ина синоќа во болницата „Драгиша Мишовиќ“ како последица од вирусот корона.

Александар Јоксимовиќ беше еден од најбараните модни креатори во Југославија, за кои слушна и целиот свет.

Во екот на неговата слава, целиот свет дозна за него, а неговите колекции го оправдаа прекарот што го носеше, „моден бог“.

фото жена.блиц.рс

Човекот кој ги одби најпознатите модни куќи, за да работи во својата родна земја, го помина својот живот во Белград, живееше на улицата Косовска, а за жал, луѓето во Србија толку малку знаат за него.

Јоксимовиќ ја направи својата последна колекција за „Мона“ во 2002 година, и беше наречена „Животот е љубов“, а потоа се повлече од јавноста.

Но, пред тоа, тој имаше живот и креативност достојна за филм.

Јоксимовиќ започна да работи како моден креатор во 60-тите години, во време кога титулата моден дизајнер не постоеше во Југославија. Првата колекција што ја направил биле училишни униформи, а потоа започнал да работи во одделот за извоз во Центротекстил.

фото жена.блиц.рс

И тогаш неговата модна ревија стигна до Њујорк Тајмс. Јоксимовиќ на отворањето на Националниот салон во 1965 година се претстави со нова колекција, а еден американски новинар, кој се најде во салонот, напиша дека се појавил млад човек со голем потенцијал. Тој текст беше карта за светот во високата мода.

Потоа следи неговата колекција „Симода“, која ги маѓепса младите жени. Сите жени во Југославија сакаа да носат фустани од тој крој. Тоа беше најкопираниот модел во поранешна СФРЈ.

Токму таа колекција беше претставена на ревијата во Моксва, каде учествуваше и Диор, а Јоксимовиќ доби покана да биде дел од нивниот тим.

Остана во Белград, затоа што сакаше да ја развива модата во Југославија.

Неговите креации ги носеа многу славни дами од тоа време, но можеби најинтересното, или барем најзвучното име меѓу дамите што ги носеше креациите на Александар беше – Јованка Броз.

Од 66 година, секоја година, Александар по службена должност требаше да работи на неколку модели годишно за Јованка Броз. Ја облекуваше за разни настани на кои присуствуваше како прва дама, а кога Јованка сакаше да ја смени јаката на омиленото крзнено палто, Александар тоа го правеше многу маестрално. Тој беше среќен што соработуваше со неа и тие имаа прекрасни деловни односи. Тој секогаш зборуваше за неа со многу почит, а особено потенцираше дека таа е личност со исклучителна култура, велеше дека е жена со која секогаш беше задоволство да се соработува.

Тој исто така имаше голема почит и кон Милена Дравиќ, за која секогаш велеше дека нејзините карактеристики треба да ги поседува една идеална Белграѓанка.

Велеше дека таа е паметна, талентирана и вредна и според него тоа беа квалитети од големо значење. Меѓу познатите од тоа време кои ги носеа неговите креации беа и Ѓорѓе Марјановиќ, Тереза ​​Кесовија, Јосипа Лисац, Оливера Катарина, како и Бранка Петриќ и Беким Фехмиу.

Извор Жена.блир.рс

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close