MAMA

Кога би им плаќале за сите обврски, МАЈКИТЕ би заработувале повеќе од 92.000 евра годишно

Да се биде мајка не е лесно, но е една од најубавите улоги во животот.

Според едно британско истражување, мајките би заработувале повеќе од 92.000 евра годишно, кога би им плаќале за непрекиантата грижа за децата, пресоблекувањето, менувањето пелени, хранењето, перењето, пеглањето, чистењето… Во извештајот на истражувањето се наведува дека тоа е отприлика плата која ја заработуваат лекарите, пилотите и адвокатите.

Повеќето родители велат дека родитеството е најдобрата „работа“ на светот, и сосема сигурно е дека е така, но, ќе се сложите дека за таа убава работа би било одлично да се биде и добро платен. Знаеме дека е тоа невозможно, бар не во блиска иднина, но интересно е да видиме колкава би била платата.

Во ова истражување учествувале 1.200 мајки кои, во просек, секојдневно поминувале по 4 часа чистејќи, околу 2 часа подготвувајќи храна, еден час дневно трошеле на перење облека, а на децата им биле на располагање 24 часа, секој ден.

Ако на тоа се додаде дека и 44% од семејствата кои учествувале во истражувањето имале и домашно милениче и две третини од мајките морале на сите обврски, уште да го хранат миленичето, да го бањаат и да го шетаат, јасно ви е колку тие работат дневно.

Резултатите покажале дека 74% од мајките чувствуваат дека целиот терет од домашните обврски им паѓа на нив, а 67% себеси се сметаат за целосно одговорни кон децата, во смисла дека партнерот не им помага околу децата.

Идејата на ова истражување била да се истакне колку напорно работат мајките, дури и тогаш кога не се на работа. И секако, повеќето мајки на тоа никогаш и нема да се пожалат, затоа што нивната љубов кон децата е најголема, неповторлива и тие за своите деца би направиле буквално СЕ’!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close